Сепаратистичките власти во Нагорно-Карабах соопштија дека најмалку 20 луѓе загинале во вторникот по експлозијата во складиште за гориво додека илјадници избегале од регионот и се упатиле кон Ерменија.
Експлозијата се случи во регионалниот главен град познат како Степанакерт од Ерменија и Ханкенди од Азербејџан. Властите соопштија дека 290 лица се хоспитализирани.
Ерменија во вторникот соопшти дека најмалку 13.000 луѓе пристигнале од Нагорно-Карабах откако Азербејџан започна операција за преземање контрола врз областа.
Регионот Нагорно-Карабах е целосно во рамките на Азербејџан, но беше под контрола на етнички Ерменци од 1994 година, додека делови од него беа вратени од Азербејџан за време на војната во 2020 година.
Азербејџан вети дека ќе ги почитува правата на етничките Ерменци во регионот, но стравувањата од репресалии натераа многумина да чекаат во долги редици автомобили кои се упатуваат кон Ерменија.
Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс