Линкови за пристапност

Го спомнавме Преспанскиот договор, но, фокус ни беше одлуката на Европскиот совет, рече Заев по средбата со Мицотакис


Заев рече дека Мицотакис го уверил оти ќе „турка“ за почеток на преговори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:40 0:00

Премиерот рече дека неговиот грчки колега уверувал оти ќе „турка“ за почеток на преговори

„Мицотакис му кажал на Заев дека спроведувањето на Преспанскиот договор е услов за почеток на преговори“, „Средбата Заев-Мицотакис се фокусира на прашањето зошто се одлага проширувањето“, „Премиерот на Северна Македонија е разочаран од ЕУ, но останува посветен“ - ова се само дел од насловите во грчките, но, и во светските медиуми за синоќешиот состанок меѓу двајцата премиери за време на Солунскиот самит.

Повикувајќи се на извори во Кабинетот на Кирјакос Мицотакис, дел од грчките портали, пренесуваат дека на средбата било договорено дека добрососедските односи и регионалната соработка се клучни фактори за натамошните фази во евроинтеграцијата.

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на состанокот, потврди дека се зборувало за имплементацијата на Преспанскиот договор и дека Мицотакис уверувал дека ќе „турка“ за почеток на преговори.

„Спомнавме дека имплементацијата на Преспанскиот договор треба да оди со позитивна динамика и двете страни работата на ова прашање. Фокус ни беше одлуката од Европскиот совет и имав можност од прва рака да добијам информација како и што се диксутирало во Брисел. Мене ми е мило што премиерот на пријателска Грција ќе се бори за нашата земја за да добие датум за преговори“, рече Заев.

Вчерашната средба беше прва меѓу двајцата премиери откако врвот на ЕУ не успеа да дојде до консензус за Северна Македонија да добие датум за почеток на преговори.

Состанокот Мицотакис-Заев во Соулн е втора средба – првпат се видоа во септември за време на Генералното Собрание на ОН во Њујорк.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG