Линкови за пристапност

Заев: Скопје испорача, сега е редот на Брисел


Заев во Брисел 10 мај, 2021
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Прагматизмот кажува дека Европа не смее ни да помисли на некои различни сигнали кои не се принципиелни

Северна Македонија очекува принципиелност од Европската Унија, Скопје испорача, сега е редот на Брисел – била пораката на премиерот Заев до врвот на ЕУ на серијата денешни средби. На разговорите со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, било повторено дека земјата е за компромис со Бугарија, но притоа да не се оди преку „црвената линија“.

„Дојдовме овде во Брисел, во центарот на Европската Унија, да и’ кажеме на Европската Комисија дека нашиот македонски јазик и идентитет не се за преговори и треба да бидат тргнати. Ние сме пример за дијалог, за решение, но прашање за кое никогаш нема да се разговара се македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Знаејќи го сето тоа, ја испративме пораката дека остануваме посветени на патоказот или адаптираниот план кој можеме уште сега за време на техничка влада во Бугарија да интензивираме имплементацијата, особено сега со паѓањето на пандемијата“, вели Заев во изјава што ја пренесе МИА.

Второто клучно прашање кое било отворено е за најавите за можно одвојување на Скопје и Тирана, токму поради блокадата на Северна Македонија со бугарското вето. Македонската делегација пренела дека такво нешто не смее да се случи поради регионалните и безбедносни импликации кои би ги донела таквата одлука.

„Ги знаеме стојалиштата на многу земји за нас, ги знаеме и за Албанија. Наш интерес е да одиме заедно. Интерес на Албанија е да одиме заедно, да си помагаме заедно низ целиот овој процес и им посакувам на нашите соседи најдобро, исто како што им посакувам на нашите граѓани, но прагматизмот кажува дека Европа не смее ни да помисли на некои различни сигнали кои не се принципиелни“, изјави Заев.

Ставот на Европската комисија е дека двете земји треба да почнат преговори, но и дека доколку нема договор меѓу Скопје и Софија треба да решаваат земјите-членки. За ова прашање токму денеска, во Брисел, дебатирале шефовите на европските дипломатии. Дел од нив зазеле цврст став – Македонија да почне преговори и Унијата посериозно да се инволвира за тоа да се случи.

„Има единствено и широко инволвирање на ЕУ на западниот Балкан, но мора да ги следиме нашите обврски – мора веднаш да почнеме преговори со Северна Македонија зашто ние самите така решивме и тоа е важно за кредибилноста на ЕУ“, изјави Ана Линде министерката за надворешни работи на Шведска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG