Линкови за пристапност

Заев и Ахмети пред договор за формирање Влада


Заев и Ахмети се пред договор за формирање Влада. Се очекува процесот да се финализира на утрешната средба на двајцата лидери.

„Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Тимовите на двете партии викендов ги усогласувале позициите. Официјално се соопштува дека генералните секретари на СДСМ и ДУИ постигнале сериозен напредок по однос на речиси сите отворени теми. Неофицијално, надминато е и прашањето за барањето на ДУИ за премиер-Албанец.

Очекувањата се дека веќе во наредните денови, откако Заев и Ахмети ќе го официјализираат договорот, ќе продолжи конститутивната седница за избор на претседател на Собранието.

XS
SM
MD
LG