Линкови за пристапност

Средба Филе - Заев


Belgium EU Armenia
Belgium EU Armenia

За името, реформите и слободата на медиумите.

Водачот на СДСМ Зоран Заев, придружен од заменик-претседателката на најголемата опозициска партија, Радмила Шеќеринска, денес во Брисел се сретнал со комесарот за проширување на ЕК, Штефан Филе.

Според изјавите по средбата, главни теми биле прашањето за името, како и процесот на примена на реформите утврдени со европската агенда на Македонија.

„Разговаравме за потребата од јасно разграничување на партијата и државата, што е содржано во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија“, изјави Заев по средбата. Во овој контект, како важна се издвојува и темата за измените во изборното законодавство, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Заев нагласи дека очекува до напредок на овој план да се дојде уште утре, на состанокот на работната група за измените во изборното законодавство.

Според Заев, тема на разговорите во Брисел била и слободата на медиумите. Тоа го потврди и комесарот Филе во соопштението издадено по средбата.

ЕК наведува дека на средбата се разговарало за најитните реформи во Македонија, особено правната држава и слободата на медиумите, како и изборното законодавство. Во тој контекст, Филе го посочил значењето на едни праведни услови за политички натпревар во Македонија.

Комесарот ја потврдил европската перспектива на земјата и подвлекол дека е потребно подобрување на политичкиот дискурс во земјата. Филе ја нагласил и важноста од национален консензус за заедничката цел – интеграцијата во ЕУ.

„Со примената на договорот од 1-ви март, ЕК ќе биде подготвена да помогне во реформскиот процес преку Високиот политички дијалог, доколку властите останат подготвени за примена на реформите и за понатамошно подобрување на добрососедските односи“, рече Филе по средбата.

За кажаното на средбата врска со проблемот со името, Заев информираше: „Побаравме да се искористи грчкото претседателство за решавање на спорот и дадовме неколку идеи за тоа. Очекуваме дека сето тоа зависи од Република Македонија, опозицијата и власта, и дека спорот ќе биде решен“.

„Ова е дел од константните и тековни контакти што комесарот Филе ги има со сите учесници и засегнати страни од земјите во неговото портфолио. На агендата на комесарот не гледам дека ќе има друг состанок со политичари од БЈР Македонија во следните неколку денови, но дефинитивно ќе има повеќе во текот на оваа година, која ќе биде многу интензивна“ изјави Петер Стано, портпаролот на комесарот за проширување.
Средбата се одржа на барање на Филе.

Комесарот неодамна имаше средба со водачот на ДУИ, Али Ахмети, а се среќава редовно и со премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG