Линкови за пристапност

Заев: Не сум оптимист дека може да се постигне договор со Бугарија


Заев: Не сум оптимист дека може да се постигне договор со Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:51 0:00

Имам чувство дека на 22-ри јуни нема да се реши затоа што Бугарија има техничка влада и нема Парламент

Премиерот го напушти оптимизмот дека овој јуни може да се постигне договор со Бугарија за проблематичните прашања и со тоа да се деблокираат евроинтеграциите на Северна Македонија. Заев, кој најави дека в четврток оди на средба со бугарскиот претседател, својот песимизам го објаснува со фактот дека Бугарија е пред нови избори и дека актуелната техничка влада не е во можност да разговара за вакви теми.

„Имам чувство дека на 22-ри јуни нема да се реши затоа што Бугарија има техничка влада и нема Парламент. Но, не е невозможно да се реши. Зошто го кажувам ова? За да не ги дигнам очекувањата на сите заради тоа што реалноста е дека во Бугарија на 11-ти јули имаат избори. Но, истовремено имам чувство на одговорност пред нашиот народ да кажам дека наша должност е да направиме се. И, нема зијан ако направиме дури и успех и заклучиме отприлика договор којшто би бил верификуван од следна политичка влада и од Парламентот. Значајно е што и бугарската страна и нашата страна немаат дилеми за постоењето, автентичноста и потврдата на македонскиот јазик и идентитет и тоа не е прашање на разговори“, изјави премиерот на С.Македонија, Зоран Заев.

За вчерашната средба со Румен Радев во Брисел, Заев само кажа дека била важна и дека била продолжување на контактите на високо ниво меѓу Скопје и Софија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG