Линкови за пристапност

Заедно ќе се справиме со малигните активности на Иран во Украина, најавија САД и Велика Британија


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговара со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами додека тој пристигнува на состанок во Лондон, 10 септември 2024 година
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговара со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами додека тој пристигнува на состанок во Лондон, 10 септември 2024 година

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кои заеднички ќе го посетат Киев оваа недела, денес изјавија дека се обединети за потребата од справување со влијанието на Иран на Блискиот Исток и Украина.

„(Ние сме) целосно усогласени со потребата да се справиме со малигните активности на Иран во регионот и пошироко“, им рече Лами на новинарите покрај Блинкен, кој е во посета на Британија.

„Гледаме вознемирувачки модел на поголема иранска поддршка за илегалната група на Кремљ и денеска разговаравме за нашата заедничка посветеност да бараме одговорност од Техеран за нивното поткопување на глобалната стабилност“.

Блинкен рече дека одлуката на Иран да ѝ достави на Русија балистички ракети ја загрозува европската безбедност и најави дополнителни санкции за Техеран.

Лами рече дека тој и Блинкен ќе отпатуваат за Киев оваа недела, прва заедничка посета од ваков вид повеќе од една деценија.

XS
SM
MD
LG