Линкови за пристапност

Заѕвониле по грешка на нечија врата и биле застрелани: Пукањето во луѓе во САД не престанува


Прекумерна употреба на оружјето во САД
Прекумерна употреба на оружјето во САД

Појавување на погрешна влезна врата, возење на погрешен пат, земање кошаркарска топка од дворот на лутиот сосед… Ова се некои од сценаријата што доведоа до пукање во луѓе овој месец во САД. Лорел Бауман ја истражува темата

Активистите за контрола на оружјето велат дека пукотниците покажуваат дека на САД им требаат построги закони за тоа кој може да купи огнено оружје.

Ова се некои од жртвите кои се нашле на погрешно место во погрешно време и како последица наишле на истрели од огнено оружје.

Заѕвониле по грешка на нечија врата и биле застрелани
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Дваесетгодишната Кејлин Гилис беше застрелана од 65-годишниот Кевин Монахан кога таа и нејзините пријатели се осмелиле со автомобил да се доближат преблиску до неговиот дом во Њујорк.

„Ќерка ми беше врвна студентка. Имаше надежи и соништа да стане, имаше надежи и соништа да стане морски биолог или ветеринар. И овој човек ни го одзеде тоа“, вели Ендрју Гилис, татко на Кејлин Гилис.

Монахан е обвинет за убиство.

„Всушност, немаше никаква интеракција помеѓу г-дин Монахан и патниците во кое било од возилата. Тие сфатија дека се на погрешно место. Тие се свртеа за да си заминат, и тогаш пукаше“, вели Џефри Марфи, Шериф на округот Вашингтон.

Осумдесет и четиригодишниот Ендрју Лестер е обвинет за напад од прв степен затоа што пукал во 16-годишниот Ралф Јарл, кој се појавил на неговата влезна врата во Канзас Сити, Мисури. Лестер вели дека мислел дека тинејџерот упаднал во неговата куќа. Адвокатот на Јарл вели дека Јарл по грешка отишол во погрешна резиденција за да ги врати своите помали браќа и сестри.

„Имајте предвид, допирањето на вратата, само по себе, не би било доволно за да се оправда употребата на смртоносна сила. Но, Ралф заѕвони на вратата и тивко чекаше надвор додека не се отвори вратата. Поминало некое време бидејќи очигледно г-дин Лестер го вадел оружјето, но Ралф не се обидел да влезе во домот“, вели Ли Мерит, Адвокат на семејството Јарл.

И шестгодишната Кинсли Вајт стана мета со нејзиниот татко додека се обидуваше да извади падната кошаркарска топка од дворот на соседот. Нејзиниот убиец е уапсен.

“Зошто пукаше во мене и татко ми?”, прашува малата Кинсли.

Вооруженото насилство, вклучително и неиспровоцирани напади, се влошува, велат застапниците за контрола на оружјето, а потребни се построги закони.

„Некои од политиките кои имаат докази зад себе се работи кои вклучуваат решавање на она што се случува на продажното место или спречување на одредени луѓе да добијат огнено оружје и кои би можеле да бидат проширени проверки на позадина или периоди на чекање или барање дозвола за купување огнено оружје“, вели Мајк Анестис од Истражувачкиот центар за огнено насилство во Њу Џерси.

Застапниците на оружјето жалат за неодамнешните пукотници, но цврсто се држат за нивното уставно право со вториот амандман да носат огнено оружје.

„Тоа е прилично добар амандман. Локално, лично, ми овозможува да го имам најдоброто огнено оружје што сакам да се бранам себеси и моето семејство“, објаснува Ли Вилијамс од Фондацијата за вториот амандман.

Застапниците на оружјето велат дека Американците сакаат да се заштитат себеси и да не се потпираат само на полицијата. Во меѓувреме, пукотниците не престануваат.

XS
SM
MD
LG