Линкови за пристапност

Забрана за козметики кои содржат синтетички и штетни хемикалии


Се поголем број државни законодавни тела во САД размислуваат за забрани за козметика и други производи за широка потрошувачка кои содржат група синтетички, потенцијално штетни хемикалии познати како ПФАС.

Во Вермонт, Сенатот даде конечно одобрување оваа недела на законодавството кое ќе им забрани на производителите и добавувачите да продаваат или дистрибуираат какви било козметички или менструални производи во државата што содржат перфлуороалкилни и полифлуороалкилни супстанции, како и голем број други хемикалии.

Производите вклучуваат шампон, шминка, дезодоранс, крема за сончање, бои за коса и друго, рече државниот сенатор Тери Вилијамс, републиканец и член на Комитетот за здравје и благосостојба на Сенатот.

„Многу познати токсични хемикалии се користат или се наоѓаат како загадувачи во производите за лична нега, вклучително и ПФАС, олово и формалдехид“, рече Вилијамс при известувањето за законот до колегите од Сенатот.

Здравствени ефекти на хемикалиите ПФАС. Фотографија на Европската агенција за животна средина, ЕЕА.
Здравствени ефекти на хемикалиите ПФАС. Фотографија на Европската агенција за животна средина, ЕЕА.

Калифорнија, Колорадо и Мериленд донесоа слични ограничувања за козметиката кои стапуваат на сила во 2025 година. Други предлози се разгледуваат во Вашингтон и Орегон, додека овие правила се воведени во Илиноис, Род Ајленд и Џорџија.

Според Агенцијата за заштита на животната средина на САД, студиите ја поврзуваат изложеноста на ПФАС со зголемен ризик од рак, доцнење во развојот кај децата, оштетување на органите како што се црниот дроб и тироидната жлезда, зголемено ниво на холестерол и намалени имунолошки функции, особено кај малите деца.

Извор: Асошиетед Прес

XS
SM
MD
LG