Линкови за пристапност

За упорноста и успехот: Маја Ѓорѓевска, прва Македонка со освоени шест светски маратони


Маја Ѓорѓевска, e првата Македонка која ги истрча шестте најголеми светски маратони и со тоа се здоби со титула Six Star Finisher
Маја Ѓорѓевска, e првата Македонка која ги истрча шестте најголеми светски маратони и со тоа се здоби со титула Six Star Finisher

По маратоните во Берлин, Њујорк, Токио, Чикаго, Бостон, на 21 април го истрча и маратонот во Лондон.Колку е тешко да се направи ова говори и фактот дека во светот само 5.735 жени го имаат направено ова, од кои 518 жени се на нејзина возраст.

Маја Ѓорѓевска, e првата Македонка која ги истрча шестте најголеми светски маратони и со тоа се здоби со титула Six Star Finisher.

Своето патешествие го започнува во 2022 година, кога најпрво го покори Берлинскиот маратон, а потоа и оној во Њујорк. Минатата 2023 следуваа маратоните во Токио и Чикаго. Нејзиниот сон стана реалност, најпрво со Бостонскиот маратон, а потоа и со маратонот во Лондон на 21 април оваа година.

„Ова за мене претставува остварување на еден мој сон и една голема цел и многу сум среќна што го направив тоа. Колку е тешко да се направи говори и фактот дека во светот само 5735 жени го имаат направено ова, од кои 518 жени се на моја возраст“, вели Ѓорѓевска.

Најголем предизвик за мене беше да го истрчам маратонот во Бостон и за шест дена на различни континенти со временска разлика да го истрчам маратонот во Лондон
Маја Ѓорѓевска

Секој од шесте маратони е тежок сам по себе, но кој беше најголем предизвик?

„Најголем предизвик за мене беше да го истрчам маратонот во Бостон и за шест дена на различни континенти со временска разлика да го истрчам маратонот во Лондон“.

Нејзината приказна почнува во 2013 година, кога за прв пат трча на Скопскиот маратон. Од 117 учесници, само 15 биле жени, од кои четири Македонки.

„Првиот маратон го истрчав без никакви подготовки и со најобични патики. Пред две години си поставив голема цел да ги истрчам шестте најголеми светски маратони и со тоа да бидам првата жена во Македонија, која го има направено тоа“.

Успеав да ги исполнам тренинзите, да бидам истрајна, да бидам упорна, да го издржам напорот
Успеав да ги исполнам тренинзите, да бидам истрајна, да бидам упорна, да го издржам напорот

И покрај работните обврски, успеала да ја исполни својата животна цел. По професија е банкарски комерцијалист за личен третман.

„Успеав да ги исполнам тренинзите, да бидам истрајна, да бидам упорна, да го издржам напорот кој го носат тренизните во текот на неделата, да бидам фокусирана и да не се откажам“.

Вели дека за ваков резултат неопхгодни се многу посветеност, фокусираност, истрајност, упроност и мотивираност. Ја прашавме што е следно од неа.

„Се уште не сум размислувала за некој нов голем предизвик, кој што верувам ќе следи во иднина“.

Оваа храбра и успешна девојка, вели дека сака да инспирира многу девојки и жени да направат позиитивна промени во секојдневниот живот, да се занимаваат со било која физичка активност. Да си постават цел, да веруваат во себе дека можат и да не се откажат од тоа.

XS
SM
MD
LG