Линкови за пристапност

За поголема мобилност на војската: Норвешка донира 76 теренски и транспортни возила за македонската армија


Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“ што претходно биле во употреба, а во македонската армија преминуваат како дел од НАТО-соработката
Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“ што претходно биле во употреба, а во македонската армија преминуваат како дел од НАТО-соработката

Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“ што биле во употреба во Норвешка, а во македонската армија преминуваат како дел од НАТО-соработката. Целта, како што беше истакнато на церемонијата, е да се зголеми мобилноста на македонските воени лесни пешадиски единици

Вкупно 76 неборбени теренски и транспортни возила донира Норвешка за македонската армија. Возилата беа предадени денеска со церемонија во касарната Илинден во Скопје. Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“ што биле во употреба во Норвешка, а во македонската армија преминуваат како дел од НАТО-соработката.

Целта, како што беше истакнато на церемонијата, е да се зголеми мобилноста на македонските воени лесни пешадиски единици, како и возврат за помошта што Северна Македонија ѝ ја испрати на Украина.

Донацијата директно ќе влијае и за постигнување на нивото на борбената подготвеност
Славјанка Петровска

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска истакна дека со донацијата се зајакнува Армијата на Северна Македонија, како и безбедноста и стабилноста на Алијансата.

„Благодарни сме за вашата донација која доаѓа во прав момент и ќе овозможи значително зголемување на капацитетите на единиците на нашата Армија за извршување на нивните задачи, што директно ќе влијае и за постигнување на декларираното ниво на борбената подготвеност на претстојното оценување “, рече Петровска.

Норвешката амбасадорката Кристин Мелсом, пак, го поздрави доделувањето воена помош за Украина и македонското воено учество во странски мисии.

„Ја гледаме не само воената опрема што ѝ ја дадовте на Украина, туку и зголемениот број војници што ги имате распоредено во различни мисии. Вашата цел да распоредите 10% од вашата армиска структура е импресивна“, рече Мелсом.

Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“ што биле во употреба во Норвешка, а во македонската армија преминуваат како дел од НАТО-соработката
Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“ што биле во употреба во Норвешка, а во македонската армија преминуваат како дел од НАТО-соработката

Норвешкиот бригаден генерал Андрес Јернберг рече дека донацијата има историско значење.

„Заедно сме во задачата за одбрана на секој сантиметар од заедничката територија. Донираната опрема ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на вашиот пешадиски баталјон. Вашиот баталјон ќе биде дел од структурата за подготвеност на Алијансата од 2026 година“, рече Јерберг додавајќи дека норвешки техничари ги подготвиле донираните возила за употреба.

Бенефит ќе имаат и граѓаните и институциите во државата
Генерал Васко Ѓурчиновски

Началникот на генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, пак, рече дека донацијата една од најголемите досега за армијата.

„Не само што ќе ја подобри борбената готовност на Армијата, туку бенефит ќе имаат и граѓаните и институциите во државата“, рече генералот Ѓурчиновски.

Во почетокот од оваа година тим од армиски специјалисти за одржување бил на обука во Кралството Норвешка за запознавање со возилата и начин на нивно одржување. Пратката со возилата пристигна во касарната Илинден во првата половина од месец април. Кај некои од возилата се видливи траги од теренско користење.

XS
SM
MD
LG