Линкови за пристапност

За поделената Алијанса за Албанците ќе одлучи судот – Арбен Таравари ексклузивно за Гласот на Америка


Претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“ вели дека посакувал Али Ахмети да биде претседателски кандидат од ДУИ „за да биде поинтересен политичкиот натпревар“.
Претседателскиот кандидат на коалицијата „Вреди“ вели дека посакувал Али Ахмети да биде претседателски кандидат од ДУИ „за да биде поинтересен политичкиот натпревар“.

Глас на Америка: Господине Таравари, два конгреса на Алијанса за Албанците на растојание од само неколку денови. Вие го разрешивте господинот Зијадин Села, а тој ве разреши вас од функцијата претседател на партијата. Кој во моментов ја води Алијанса за Албанците?

Арбен Таравари: Нормално секогаш кога има фракции во партијата, секој се повикува на некои свои аргументи од кои што реално согледува дека има право. Меѓутоа, генерално, сите факти и аргументи се на нашата страна. Истото, ако ги прашате и нив, ќе кажат (и тие), така да ние оставивме судот да одлучи. Ние би ги прифатиле сите одлуки на судот бидејќи сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство.

Глас на Америка: Започната е судска постапка?

Арбен Таравари: Најверојатно ќе започне. Ние ја доставивме целата

Тоа е фракција во Алијансата за Албанците која што веќе неколку месеци е многу блиска до ДУИ
- вели Арбен Таравари

документација уште во понеделникот. Тие имаа и малку проблеми за да соберат потписи за да докажат дека имаат две третини, нив им требаат две третини, а нас ни треба само една половина. Имаме повеќе од половина, повеќе од педесет отсто од делегатите, од членовите на Централното претседателство. Нив им требаат две третини - што е невозможно. Тоа е фракција во Алијансата за Албанците која што веќе неколку месеци е многу блиска до ДУИ, меѓутоа, сепак, и тоа е нивен легитимен став кој го почитувам.

Глас на Америка: Господине Таравари, имаше многу шпекулации за наводен договор меѓу вас двајцата со господинот Села за поделба на имотот и ингеренциите во партијата. Кажете ни повеќе за ова.

Арбен Таравари: Не, имаше еден состанок пред повеќе од две недели каде што се видовме и уште еднаш се обидовме дали може, да речам, да ги испегламе разликите. Ние имаме две канцеларии (и) да нема конфликт, да не се случуваат недоразбирања, одлучивме во Скопје да ја користат тие канцеларијата, а во Тетово да ја користиме ние како официјално седиште на партијата. Меѓутоа имот нема ништо партијата - тоа се две канцеларии под кирија што ги плаќаме, а друго немаме нешто што да поделиме.

Глас на Америка: После Конгресот, немавте средба со господинот Села?

Арбен Таравари: Не, после Конгресот не.

Глас на Америка: Aли Ахмети од ДУИ не е кандидат за претседателските избори. Имате ли коментар за нивната номинација?

Арбен Таравари: Па, немам. Јас реков дека ќе го почитувам секој кандидат. Мислам дека оваа кампања треба да биде европска кампања и искрено го очекував господинот Ахмети, за да биде поинтересен, да речам, политичкиот натпревар меѓу нас. Меѓутоа, тие се одлучија за заменик претседателот нивен, потпретседателот. Секако, почит за сите противкандидати кои што ќе бидеме во претседателската трка. На крај, народот треба да одлучи.

Глас на Америка: На Конгресот на вашата партија беа поставени знамиња на странски држави, меѓу кои го немаше знамето на Северна Македонија. Исто така, вашите понови објави на социјалните мрежи се на албански јазик. Мислите ли дека тоа е добра стратегија да ги придобиете гласовите на граѓаните на Северна Македонија?

Арбен Таравари: Обично сите мои објави на социјалните мрежи се двојазични, освен ако е нешто тематски што се однесува за партијата или настаните кои што се случуваат бидејќи таргетот е тогаш само партиското членство, не е пошироката јавност. Инаку, одете и анализирајте ги сите социјални мрежи каде што како градоначалник, се` што ќе се објави е

Обично сите мои објави на социјалните мрежи се двојазични
- изјави Таравари

двојазично и мислам дека сум меѓу ретките политичари што тоа го практикува не од сега, туку веќе шест години како градоначалник. Најверојатно 80 до 90 проценти се двојазични или тријазични со што многу се гордеам.

Глас на Америка: Едно од вашите барања е претседателот на државата во иднина да го избира собранието. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се против овој предлог. Зошто ова е важно за вас и со кого би коалицирала Алијанса за Албанците?

Арбен Таравари: Видете, првиот претседател во Македонија, ако се сеќавате 90-тите години, 91-ва ако не се лажам, беше избран господинот Киро Глигоров и прв пат се избра од собранието. Јас мислам дека ингеренциите на претседателот на државата се колку и во повеќе околни држави. Ние често се разликуваме, ги споредуваме со Косово или Албанија, кои што имаат сличен систем како нашиот, парламентарен систем. Мислам дека трошоци на државата не и требаат, може да се избира и преку собрание како што тоа го направивме за прв пат и наш став е (зашто) не сме претседателски систем, туку сме парламентарна демократија, мислам дека би рационализирале (со) договор меѓу политичките партии кои се застапени во парламентот.

Глас на Америка: За крај на овој разговор, каде ја гледате Северна Македонија послеизборите?

Арбен Таравари: Северна Македонија после изборите има само еден пат, нема друга алтернатива. Единствениот пат на Северна Македонија е европскиот пат и јас мислам дека 90 отсто од граѓаните на Македонија не посакуваат, можеби и повеќе од 90 отсто, не посакуваат други сценарија. Се надевам дека било која влада да биде после изборите на 8-ми мај, на 9-ти

Единствениот пат на Северна Македонија е европскиот пат
- Арбен Таравари

мај кој ќе состави влада, мислам дека тоа е единствениот пат и ние како политичка партија, зборувам за Алијанса за Албанците, меѓутоа и како опозиција, сега опозициски блок, се нарекуваме „Вреди“или „Влен“ на албански, инсистираме по секоја цена да го следиме европскиот пат и нема друга алтернатива. Не би сакале да помислиме дека некој би размислувал за друга опција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG