Линкови за пристапност

За година и пол, милион следбеници: Македонска менторка по англиски јазик стана хит на „Инстаграм“


Марија Мешкова, 29-годишна професорка и менторка за течно зборување на англискиот јазик, создава креативни едукативни видеа
Марија Мешкова, 29-годишна професорка и менторка за течно зборување на англискиот јазик, создава креативни едукативни видеа

Речиси милион и двесте илјади следбеници на Инстаграм има младата професорка и менторка по англиски јазик, Марија Мешкова од Велес. Тоа се должи на креативните, едукативни и забавни видеа со кои дава совети за течно зборување на англискиот јазик.

Марија Мешкова, 29-годишна професорка и менторка за течно зборување на англискиот јазик. Таа успеа преку креативни едукативни видеа да привлече повеќе од еден милион следбеници на социјалните мрежи.

За себе вели дека е инфлуенсерка, но содржините што ги пласира сака да бидат исклучително едукативни и да им помогнат на другите во усовршувањето на јазикот, но и во личниот развој.

На мрежата „Инстаграм“ е присутна под името: zenfluentmaria.

Еве како ни одеше разговорот со Мешкова:

„Тоа што го работам во моментов е ментор по течно говорење на англискиот јазик и истовремено градење на еден персонален бренд преку социјалните медиуми. Мојата цел е да покажам што всушност значи да се учи еден јазик колку е тоа нешто убаво и колку сакам онаа моја љубов кон јазикот да ја пренесам на сите други“.

Како дојдов до идејата?

„Почнав да преземам акција во смисла да барам начини како тоа можам да го остварам, а да не е класичен пристап. Затоа што и од сопственото искуство знаев дека јазикот треба да се учи на исклучително креативен начин“.

Повеќе од милион следбеници

На „Инстаграм“ имам еден милион, речиси и двесте илјади (следбеници), се доближувам до таа бројка.

„Тоа што го работам можеме да го поделиме во две поголеми области. Креирање содржини. Тоа е мојот дел каде што се продажба, маркетинг, градење личен бренд. Останатиот дел е поголем. Менторството, каде што во живо работам со студенти“.

Цврсто верувам дека тоа што сум природна ги привлекува луѓето

„Генерално идејата за моите видеа е да бидам што е можно поприродна. Онаква каква што сум, зашто знам и цврсто верувам дека тоа што сум природна „пали“, или ги привлекува луѓето.

За курсевите

„Курсевите се исклучително практични и исклучително интензивни. Да речеме за месец-два, човекот да се стекне со самодоверба и да се ослободи и веќе да научи вокабулар и граматички структури“.

Дали се гледам како инфлуенсерка?

На некој начин, јас и сум инфлуенсерка. Ако гледаме дека инфлуенсерството е човек којшто има влијание врз другите луѓе какво било да е тоа, дали за едукација, дали за забава. Гледам секогаш да е позитивно“.

Се трудам тоа влијание што го имам врз луѓето да биде исклучително за нивно најголемо добро, во смисла да научат нешто, да има вредност

„Се трудам тоа влијание што го имам врз луѓето да биде исклучително за нивно најголемо добро, во смисла да научат нешто, да има вредност. Ако не дава таква вредност, ако е видео каде што јас нешто покажувам или е само за себе воопшто и не го објавувам“.

За заработките и социјалните мрежи

„Финансискиот бенефит доаѓа најмногу од курсевите, од работата со луѓе. Секако, соработувам и со брендови“.

„За мене социјалните мрежи и интернет просторот каде што се промовираме ние што го работиме ова, или кој било, како креатор на содржина или претприемник или кој било што сака да изгради свој персонален бренд тоа е нешто што со еден збор може да се каже дека е алатка и така и треба да се гледа на тоа“.

Совети за младите

„Секој што сака да започне нешто свое или едноставно, да учи нови вештини, да истражува, да се бара себе си не постои подобро време од времето сега. Ако гледаме на тој начин кон социјалните мрежи, можеме да имаме огромна придобивка од тоа“.

Совет до младите: Отвореност кон промени, конструктивно користење на социјалните мрежи и исклучителна љубопитност, истражување и барање на себе си

„Најголемиот совет којшто би можела да им го дадам на младите е да бидат отворени. Првично отворени кон истражување и кон барање начини како да растат секојдневно. Да ги користат социјалните мрежи конструктивно“.

„Односно, да следат само тоа што би ги инспирирало, само тоа од коешто би научиле нешто ново. Значи, отвореност кон промени, конструктивно користење на социјалните мрежи и исклучителна љубопитност, истражување и барање на себе си, барање начини да се успее, доколку тоа е целта“.

Дали би ја напуштила државата?

„Искрено, би ја напуштила. Дали е подобро, не можам да кажам. Јас сум живеела во многу земји и секогаш сум се враќала овде. Секако, тоа што сум го работела, сум го почнала од овде“.

„Но, мојата главна цел не е македонскиот пазар, туку е странскиот пазар. Секако дека и финансиските придобивки и работата и отвореноста на луѓето во странство е многу поширока и поголема. Така што, да. Убаво е да целиме на поголема отвореност и да размислуваме на таа опција“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG