Линкови за пристапност

Таткото на микрофинансирањето избркан од работа


Таткото на микрофинансирањето избркан од работа
Таткото на микрофинансирањето избркан од работа

Мухамад Јунус ја основаше Банката Грамен и се смета за пионер на концептот на микрофинансирањето, но бангладешката влада сака да го симне од функцијата директор на банката, по три децении на нејзино чело.

Откако го сослуша приговорот од Мухамад Јунус, кој се жалеше за отпуштањето од работа, високиот суд во Дака, во вторник, реши дека тој останал на работа во Банката Грамен на незаконска основа.

Банката Грамен беше прва во праксата на давање мали заеми за намалување на сиромаштијата.

Но судијата кажа дека 70-годишниот економист ја надминал возраста за пензионирање многу одамна и по грешка бил назначен повторно на местото во 1999.

Јунус бил отпуштен од работа од владата наводно заради надминување на возраста за пензионирање од 60 години и како директор на банката не добил потврда за ново назначување. Јунус на оваа одлука се жалел пред највисокиот суд на Бангладеш.

Адвокатите на Јунус тврделе дека овие правила не се однесуваат на него зашто Банката Грамен има специјален статус според законот од 1983. По одлуката на судот еден од неговите адвокати рекол дека „ова е тажен ден за Бангладеш“.

Но, многумина сметаат дека случајот има заднина што е политички мотивирана. Сегашната влада, на Авами лигата, под водство на премиерот Шеик Хасина, силно го критикувала Јунус. Нашироко се верува дека нетрпението е откако Јунус навестил формирање на политичка партија во 2007, кога земјата била под закон за вонредна состојба.

Отпуштањето од работа на нобеловецот ја разлутило земјата, особено што Јунус давал мали заеми на сиромашните, посебно жени, кои никогаш не би можеле да се приближат до конвенционални банки.

Политичкиот коментатор од Дака, Атаус Самад, вели дека Јунус е многу почитуван во земјата. Имало протести во Дака за поддршка на Јунус.

Јунус изјавил дека стравува оти владата сака да ја преземе контролата врз банката.

XS
SM
MD
LG