Линкови за пристапност

Младите во САД сметаат дека недостига пристојност во политиката


Нова анкета покажува дека 60 проценти од младите не се согласуваат со настапот на претседателот Доналд Трамп, за време на транзицијата на власта

Повеќето млади луѓе во Америка веруваат дека американската државна политика се влошила, покажува нова анкета на Харвардскиот институт за политика.

Според анкетата, 62 проценти од Американците на возраст меѓу 18-29 години, веруваат дека нивото на пристојност во политиката се намалило во изминативе пет години.

Истата анкета покажува дека 60 проценти од младите не се согласуваат со настапот на претседателот Доналд Трамп, за време на транзицијата на власта.

Со неговите ставови не се согласуваат и 87 проценти од демократите, исто како и 22 проценти од републиканците.

Анкетата открива и дека инаугуративниот говор на Трамп ги поделил младите по партиска линија.

Нешто помалку од половина од демократите се изјасниле дека многу повеќе се исплашиле за иднината на Америка по неговиот говор, додека 70 проценти од републиканците рекле дека им се зголемила надежта по говорот „Прво Америка“.

Меѓу независните има исплашени, несигурни и такви кои се надеваат.

По изборот на Трамп во ноември, околу една четвртина од младите Американци изјавиле дека биле мотивирани да се вклучат во јавната служба и во политиката, додека други 23 проценти се изјасниле дека е помалку веројатно дека би се вклучиле. Кај 42 отсто од испитаниците ставот бил непроменет.

Меги Вилијамс, директор на Институтот за политика вели дека студентскиот заем бил тема од најголем интерес за студентите за време на претседателската кампања, и оти ќе продолжи да биде нивна главна грижа и во иднина.

„Се сомневаме дека во блиска иднина националните, државните и локалните лидери ќе слушнат директно од милениумците за ова важно прашање“, изјави Вилијамс.

XS
SM
MD
LG