Линкови за пристапност

Шестмина убиени во Јемен од осомничено американско беспилотно летало


Тоа е шести напад од ваков вид во Јемен за помалку од две недели, во време кога се добиваат детали за наводните планирани терористички напади

Осомничено американско беспилотно летало убило најмалку шест наводни милитанти на ал-Каида во Јемен, продолжувајќи со низата напади среде предупредувања за терористички закани од САД и од контратерористичките операции на јеменските власти.

Официјални лица велат дека нападот од четвртокот имал за цел возило во провинцијата Мариб.

Тоа е шести напад со беспилотно летало во Јемен за помалку од две недели. САД често користат напади со беспилотни летала последниве години против членови на ал-Каида.

Јеменските власти во среда кажаа дека разоткриле заговор на ал-Каида за заземање на два јужни града и упаѓање во стратешки објекти за нафта и гас во близина. Тие велат дека заговорот инволвирал киднапирање или убивање на странци кои таму работат.

САД затворија дипломатски мисии на Блискиот Исток и во Африка доцна минатата недела заради закана од потенцијални напади. Оваа недела американскиот Стејт департмент нареди персоналот што не е неопходен да го напушти Јемен, релоцирајќи ги во американскиот конзулат во Франкфурт, Германија.

Американскиот претседател Барак Обама во среда, во говор пред американски Маринци во Калифорнија, кажа дека нацијата ги сфаќа сериозно заканите, но дека нема да попушти.
XS
SM
MD
LG