Американскиот Стејт департмент нареди евакуација на персоналот што не е неопходен во американската амбасада во Јемен заради терористички закани, среде извештаите за пресретната комуникација на ал-Каида што доведе до неодамнешното затворање на десетици американски дипломатски претставништва.
Во соопштение од вторник се поттикнуваат и американските граѓани да заминат од земјата заради тоа што можноста од терористички напад и граѓански немири е „исклучително висока“.
Британија исто така привремено го повлече персоналот од својата амбасада во Јемен заради безбедносна загриженост.
Во меѓувреме, јеменските безбедносни претставници велат дека осомничено американско беспилотно летало погодило четворица наводни членови на ал-Каида во провинцијата Мариб.
Претходно американските медиуми известуваат дека затворањето на амбасадите било поттикнато од пресретната комуникација меѓу лидерот на ал-Каида Ајман ал-Завахри и водачот на огранок на терористичката група во Јуемен. Извештаите велат дека ал-Завахри му наредил на Насир ал-Вухајши, лидерот на ал-Каида на Арапскиот Полуостров да изведе напад во минатата недела. Ал-Вухајши неодамна бил промовиран од ал-Завахри во втор лидер по ранг.
Аналитичарите велат дека комуникацијата индицира дека ал-Завахри работи преку регионални ограноци, сега кога јадрото на групата е значително ослабено.
Некои американски амбасади повторно беа отворени во понеделник по еден ден затварање, вклучувајќи претставништва во Алжир, Багдад, Дака и Кабул. Деветнаесет други ќе останат затворени вклучувајќи ги Аман, Каиро и Саана, и Триполи.
Стејт департментот вели дека ги држи 19-те претставништва затворени заради претпазливост.