Линкови за пристапност

Јеменците гласаат за замена на Салех


Јеменците гласаат за замена на Салех
Јеменците гласаат за замена на Салех

Јеменските гласачи избираат наследник на на претседателот Али Абдула Салех по едногодишно востание што го натера да ја напушти власта.

Гласањето во вторник е кулминација на договорот, поддржан од САД и постигнат со посредништво на јеменските соседи од Заливот, за заменување на Салех со потпретседателот Абед Робо Мансур Хади.

Хади беше избран со консензус за единствен кандидат од партијата на претседателот Салех и опозиционата коалиција.

Салех заминува од власт по 33 години на власт и ги поттикна гласачите да излезат во голем број. Тој кажа дека изборите се момент да ја придвижат државата кон мир и стабилност.

За резултатите ќе се знае за неколку дена.

Хронологија на настани во Јемен

  • 1962: Армиски офицери ја востановија Јеменската Арапска Република на север.

  • 1967: Јужен Јемен станува независна како Народна Република Јужен Јемен.

  • 1978: Али Абдула Салех е назначен за претседател на Јеменската Арапска Република.

  • 1990: Северен и Јужен Јемен се здружија во Обединета Република Јемен, со Али Абдула Салех како претседател.

  • 2000: Ал-Каида е обвинета за напади на USS Cole при што загинаа 17 американски војници.

  • 2001: Претседателот Салех на тогашниот претседател Џорџ В. Буш му рече дека Јемен е партнер во борбата против тероризмот.

  • 2002: Супертанкерот Limburg е нападнат во близина на брегот на Јемен, за бомбата се обвинува ал-Каида.

  • 2011: Арапската пролет иницира про-реформски протести, протестантите бараат претседателот Салех да даде оставка.

  • 2011: Ноември: Претседателот Салех се согласува да ја предаде власта на заменикот Абед Рабо Мансур Хади.

  • 2012: Претседателот Салех заминува од врвот по речиси 33 години на власт. Парламентот му даде имунитет.

  • 2012: Февруари: Претседателски избори. Хади е единствениот кандидат.

XS
SM
MD
LG