Линкови за пристапност

Yahoo: Сменете ги лозинките од 2014-та


Компанијата препорачува итни мерки за заштита на податоците, по хакерскиот напад на 500 милиони корисници

Хакирањето на податоците на 500 милиони корисници на Yahoo е најголем корпорациски хакерски напад нотиран досега, поголем и од хакирањето на Myspace во 2013-та година, кога беа пробиени профилите на преку 300 милиони корисници.

Аферата ја актуелизира изјавата на директорот на ФБИ од 2014-та година Џејмс Коми, кој рече дека „има два вида големи компании во САД. Такви кои се хакирани од Кинези, и оние што не знаат дека биле хакирани од Кинези“.

Додека никој не го поврзува овој хакерски напад со Кина, неговата поента е дека секој корисник на интернет треба да претпостави дека неговата информација е секогаш компромитирана.

Истото ова, за Ројтерс го изјави експертот за безбедност на интернет Ден Камиски.

„Ако нешто е променото, е дека овие напади јавно се откриваат“, вели тој.

Важно е колку корисници се хакирани

Хакерскиот напад најмногу ги погодил корисниците во САД, но според компанијата за безбедност на интернет „Пингдом“, Yahoo исто така имал голема застапеност и во Јапонија, Филипините, Кина и во Хонгконг.

Компанијата нагласува дека и тамошните корисници мора да бидат многу внимателни во заштитата на нивните податоци.

Yahoo изјави дека оние што користат Flickr дефинитивно мора да ги променат лозинките.

Кои податоци се пробиени и што треба да се направи

Ова се информациите, кои Yahoo вели дека можеби биле искомпромитирани: имињата, електронските адреси, телефонските броеви, датумите на раѓање, како и криптирани и некриптирани безбедносни прашања и одговори.

Yahoo препорачува корисниците да ги преземат следниве чекори за заштита, дури и тие што не се погодени од овој хакерски напад:

  • Сменете ги безбедносните прашања за заштита на лозинката
  • Корисниците, што не ја смениле лозинката од 2014-та, да ја променат сега
  • Избегнувајте отворање линкови од сомнителни електронски адреси
  • Внимавајте каде ги внесувате личните податоци

Yahoo, нагласува дека корисниците треба да активираат и Yahoo Account Key, за да се осигура уште поголема заштита на лозинката.

XS
SM
MD
LG