Линкови за пристапност

„Јаху“ излезе од Кина


Американската компанија изјави оти ги стипира услугите поради рестриктивна средина за бизнис

Еден од најпопуларните веб сајтови во светот „Јаху“ ги стипираше услугите во копнениот дел на Кина поради, како што опиша, тешка средина за работа.

Компанијата во изјава на нејзината веб страница рече дека одлуката е ефективна од први ноември поради „зголемени предизвици во бизнисот и правната средина“.

На први ноември стапи на сила и Кинескиот закон за заштита на лични информации, кој предвидува ограничувања за интернет компаниите.

Кина претходно ги блокираше „Фејсбук“, „Гугл“ и повеќето други глобални социјални медиуми и пребарувачки сервери.

Корисниците во Кина се` уште можат да имаат пристап до овие сајтови, преку користење на виртуелната приватна мрежа (ВПН).

Во октомври, „Мајкрософт“ го стопираше „Линкедин“ во Кина, поради рестрикциите за работа и обврските за прифаќање на регулативите во Кина.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG