Линкови за пристапност

Шефот на Јаху даде оставка


Лажни податоци во неговата биографија за завршено образование го принудија Скот Томпсон да замине

Интернет компанијата Јаху има четврти раководител за помалку од четири години, откако шефот Скот Томпсон ја напушти компанијата среде контроверзата за неговите академски постигнувања.

Јаху во неделата го назначи Рос Левинсон, досегашен директор на глобалните медиуми, за привремен директор на компанијата.

Томпсон ја напушта Јаху по само четири месеци на највисоката функција во компанијата. Акциите на компанијата паднаа за речиси четири проценти откако тој го презеде кормилото, но последниве недели се подобрија по подобра од очекуваната заработувачка.

Голем сопственик на акции на Јаху го обвини Томпсон за лажење за неговите квалификации, наведувајќи дека имал диплома за компјутерска наука, што не било точно. Референцата се појавила во неговата официјална биографија на Јаху и во регулаторните документи до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Јаху во почетокот наводот го нарече „ненамерна грешка“, но потоа назначи специјална комисија да ја испита недоследноста.

Под притисок на инвеститорите, соопштението на Јаху од неделата покри поширок претрес што вклучува неколку места во бордот на директори на компанијата.

Јаху некогаш беше водечка Интернет компанија, но последните години беше прегазена од Гугл и Фејсбук кои цветаа. Во 2008, Мајкрософт ја повлече понудата да го купи Јаху по 33 долари за акција – повеќе од двојно над вредноста на акциите на Јаху при затворање на берзите во петокот.

Пред да замине, Томпсон започна да имплементира реорганизација на Јаху што вклучуваше кратење на 2.000 работни места.

XS
SM
MD
LG