Франк Лојд Рајт, без дилеми, е најпознат архитект во Америка, делумно бидејќи е бесрамен себепромотор. Поседува и талент и успех. Осум од неговите дизајни се прифатени на глобално ниво.
Архитектурата во 20-от век на Френк Лојд Рајт неодамна беше додадена на листата на заштитени подрачја на УНЕСКО. Причина - беспрекорната универзална вредност кон човештвото. Многу ретко архитект да добие вакво признание од УНЕСКО.
„Мислам дека работата на Рајт беше уникатна, затоа што е уникатна, вели историчарот за архитектура Вилијам Ричардс.
Осум објекти на Рајт, кои што вклучуваат приватни домови, црква и светски познат музеј, се само некои од наградените архитектонски дела.
УНЕСКО објави дека објектите се рефлексија од „органската архитектура“, која ја креира Рајт, вклучувајќи отворен план, замаглени граници меѓу внатрешноста и надворешноста на домот, како и без преседан користење на материјали како челик и цемент.
Рајт не го измисли планот за отворен простор за денешните сопственици, но го популаризираше концептот за ваков дизајн.
Иако дизајнот на Рајт е стар повеќе од еден век, го задржува моментот на модерното. Една од структурите, дизајнирани од УНЕСКО е Роби Хаус во Чикаго. Конструирана во 1910-та и ги истакнува хоризонталните над вертикалните агли во американската архитектура.
Друг објект зад кои стои архитектот е Гугенхајм во Њујорк. Комплетиран во 1959-та, со дизајн кој и денес се чувствува иновативно, иако зградата е направена пред 60 години.
Истото важи и за зградите на Рајт кои се на пошироката листа, изградени во периодот меѓу 1906-та и 1969-та. Тука се вклучуваат Unity Temple, во Оук Парк, Илиноис, Taliesin во Спринг Грин, Висконсин, Hollyhock House во Лос Анџелес, Калифорнија, Fallingwater, во Пенсилванија, Herbert and Katherine Jacobs House во Мадисон, Висконсин и Taliesin West, Скотсдајл, Аризона.
„На американската архитектура, тој ѝ даде серија дизајни за длабоко размислување, загриженост за животната средина, философијата на дизајнот, нешто што може да се дефинира како американско“, вели Ричардс.
Во неговата 70-годишна кариера, Рајт дизајнирал 1.114 архитектонски дела, од кои 532 биле изградени пред да почине во 1959-та.
Американскиот институт за архитекти го смета Рајт за „ најголем архитект на сите времиња“.
Рајт, исто така, го смени курсот на американската архитектура.
Единствени други дела на американската архитектура на листата на УНЕСКО се Халата на независноста во Филаделфија, и Монтичело - домот на претседателот Томас Џеферсон во Шарлотсвил, Вирџинија.
Facebook Forum