Линкови за пристапност

75 години по Втората светска војна светот соочен со нов предизвик


Сега, кога немаме доволно лекови, маски и заштитна опрема сфаќаме дека ова е налик на воена ситуација од гледна точка на производството, вели историчарот Конрад Крејн

Пред седумдесет и пет години овој петок, нацистичка Германија се предаде на сојузниците. Војната во Пацификот би продолжила уште три месеци, но 8 мај 1945 година го означи почетокот на новата ера во светската историја.

Победата на сојузниците не беше неизбежна. Успехот се должеше на многу големи и мали одлуки.


Додека светот да го открие обемот на нацистичките зверства, жестоките борби против Јапонија продолжиле и во Пацификот. Повеќе од 60 милиони луѓе загинаа во конфликтот.

Победата на сојузниците не беше неизбежна. Успехот се должеше на многу големи и мали одлуки.

„Голем број на одлуки на поединци, индивидуални претседатели, поединци на боиштата, команданти на бродови“, вели историчарот Конрад Крејн од Образовниот центар за воено наследство.

Заканата од нацизмот доведе до партнерство на сојузниците. „Америка, Велика Британија, Советскиот Сојуз се здружија за да ја уништат Германија и нејзините испостави во Европа, и на крајот и Јапонската империја. Тоа е одличен пример за тоа како треба да функционира една коалиција“.

По војната, Европа се издигна од пепел, делумно обновена од страна на американскиот Маршалов план и од желбата за европско единство.

„Голем дел од трансформациите во Европа, институциите што ги гледаме, произлегоа од потребата за обнова по Втората светска војна и од чувството на Европејците дека нема да можат сами да го сторат тоа. Тие мораа да помогнат “,вели Кевин Клоуден, економист од Институт Милкен.

За многумина, САД станаа модел. Промовираа меѓународни институции.

„Работи како Обединетите нации, воспоставување на Меѓународен монетарен фонд, Светска банка и во основа врзување на светската економија со американскиот долар“, вели историчарот Крејн, кој сепак додава: „Прашање е дали традиционалните американски вредности како слободната трговија навистина работат во наша корист. Значи, дефинитивно има промена во ставот од оној од генерацијата во 1945 година“.

Со оглед на губењето на голем дел од американското производство поради соочувањето со пандемија, ова е време за повторна проценка.

„Сега, кога немаме доволно лекови што се прават овде во САД, кога немаме доволно маски, доволно заштитна опрема, го бараме тоа и сфаќаме дека ова е налик на воена ситуација од гледна точка на производството“, вели тој.

На овој ден кога се слави единството, фокусот денес е ставен на еден многу поинаков предизвик.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG