Линкови за пристапност

Пораст на светската популација на тигри


Тоа е резултат на спроведување на поефикасни напори за зачувување - велат две групи за заштита на диви животни

Светскиот фонд за дива природа и Глобалниот форум за тигри известија дека популацијата нa тигри e зголемена на приближно 3.890 од рекордно ниските 3.200 во 2010-та.

„Ова ни дава голема надеж и покажува дека ние можеме да ги заштитиме овие видови и нивните живеалишта кога владите, локалните заедници и конзерваторите работат заедно“ вели Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за дива природа.

Групите за заштита на диви животни велат дека ова е прв пат популацијата на тигрите да се зголеми од 1900-тата, наваму, кога имаше приближно 100.000 тигри.

Повеќе од половина од популацијата на тигрите живеат во Индија. Во оваа земја се наоѓаат 2226 загрозени видови на мачки.

Зголемен е бројот на тигри и во Русија, Бутан и Непал.

Во тринаесет земји во светот живеат тигри. Во 2010-та година се спроведе план за двојно зголемување на нивниот број до 2022-ра.

Објавувањето на бројот на популацијата на тигрите доаѓа во пресрет на тридневната средба која ќе се одржи во вторник во Њу Делхи, а на која ќе се дискутира околу напорите за нивно зачувување.

XS
SM
MD
LG