Линкови за пристапност

Илјадници демонстранти ширум светот излегоа на анти-расистички протести


Анти-расистички протести се одржаа во целиот свет во неделата, при што десетици илјади демонстранти во Рим, Берлин, Лондон, Брисел и Париз излегоа на улиците.

Додека некои протести беа предизвикани од убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканец во Минеаполис, Минесота, кој почина откако беше уапсен од полицијата, европските земји исто така наведуваа свои случаи на расно насилство.

Носејќи маски, илјадници луѓе излегоа на Римскиот плоштад во неделата на голем протест против расизмот.

Демонстрантите собрани на плоштадот, како и на многу други протести, својот став го изразија и со осум минутно молчење, токму толку колку што полицаецот од Минесота го притискаше Флојд со коленото на вратот. Илјадници луѓе во спомен на Флојд, протестираа со подигнати тупаници, јави француската новинска агенција Агенс Франс-Прес.

„Навистина е тешко да се живее тука“, рече сенегалската мигрантка Морикеба Самате (32) за АФП. Противењето во однос на бранот на миграција, со кој Самате и илјадници други стигнаа во Европа, му помогна на екстремната десница да ја освои власта во Италија.

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците во Лондон, исто така - некои пред американската амбасада носејќи транспаренти и знаци. Организаторите изјавија дека нивните протести се реакција на расизмот во Велика Британија.

На еден од транспарентите пишуваше: „Велика Британија е виновна исто така“.

Толпи се собраа пред американските амбасади и на други места во Европа, повеќе од 10,000 учесници имаше на протестот во данската престолнина Копенхаген, стотици во Будимпешта и илјадници во Мадрид, пренесе Ројтерс.

Во Брисел, околу 10,000 лица се собраа пред Палатата на правдата, соопшти Ројтерс.

„Се соочуваме со дискриминација што другите раси не ја доживуваат“, изјави 25-годишниот брокер за осигурување Ренди Кејмбе. „На пример, ако бараме стан за изнајмување, имаме тешкотии. Во однос на вработувањето, ние сме во неповолна положба. Значи, не станува збор само за полициско насилство “.

Германските власти во неделата објавија дека скоро 100 лица биле уапсени на анти-расистичките демонстрации во текот на викендот, на кои присуствувале приближно 15,000 луѓе, пренесува Асошиетед Прес.

Демонстрантите во Париз направија споредба помеѓу Џорџ Флојд и Адам Траоре - млад Афроамериканец кој почина во полициски притвор северно од Париз пред четири години. Семејството на Траре во повеќе наврати тврдеше дека тој умрел од задушување во услови на полициска бруталност.

Во Австралија, демонстрантите излегоа на улиците за да протестираат поради домородните Австралијци кои загинале во полициски притвор. Според Асошиетед Прес, домородните Австралијци сочинуваат само 2% од населението во државата, но се 27% од популацијата во затворите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG