Линкови за пристапност

ОН: 68 проценти од населението ќе живее во градови до 2050-та година


Токио во моментов е најголемиот град на планетата со 37 милиони жители, веднаш зад него е Њу Делхи со 29 милиони

Шеесет и осум проценти од светската популација ќе живее во урбаните средини до 2050-та година, објавија денеска Обединетите нации, процент кој во моментов изнесува 55.

Во извештајот на светската организација, се предвидува дополнителни 2,5 милијарди лица да живеат во градовите наредните 30 години, со што дури 90 отсто од урбаниот раст се фокусира на Азија и Африка.

Тоа ќе придонесе за дополнителни 416 милиони во градовите во Индија, 255 милиони во Кина и 189 милиони во Нигерија.

Бројот на луѓе кои живеат во урбаните средини во светот брзо се зголемувал од 751 милиони во 1950-та година на 4,2 милијарди во 2018-та година. И покрај пониската стапка на урбанизација, на Азија отпаѓаат 54 отсто од сите урбани жители во светот, по што следат Европа и Африка со 13 проценти.

Општата миграција од руралните во урбаните области, во комбинација со севкупниот пораст на населението, ќе доведе на планетата да има 43 мега-градови до 2030-та година.

Токио во моментов е најголемиот град на планетата со 37 милиони жители, веднаш зад него е Њу Делхи со 29, Шангај со 26 и Сао Паоло и Мексико Сити со 22 милијарди жители.

Каиро, Мумбаи, Пекинг и Дака се градови со 20-тина милиони жители.

Студијата на ОН предвидува дека населението во Токио ќе почне да опаѓа во наредните две години и дека ќе биде надминат како најголем град во светот од страна на Њу Делхи до 2028-ма.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG