Линкови за пристапност

Светски ден на борба против детската парализа


Во 2017-та година биле регистрирани 11 нови случаи на болеста

Годинава детската парализата се прошири само на две места во светот, Авганистан и Пакистан. Во овие земји, вирусот циркулира во неколку оддалечени и мали региони.

Пред околу 30 години, во 125 земји ширум светот вирусот полио парализираше по околу 1000 деца дневно.

Случаите драматично се намалија благодарение на глобалните напори за уништување на вирусот.

Полио вирусот се среќава само кај луѓето и не ги инфицира животните, затоа може целосно да се искорени.

Откако ќе се евидентира случај на детска парализа, потребни се три години за да се осигура дека последниот случај всушност е конечен. Тоа значи дека ако последниот случај е регистриран годинава, програмите ќе треба да продолжат да се финансираат до 2020-та година.

Затоа темата на годинешниот Светски ден на борба против детската парализа е „Се` уште не сме завршени“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG