Линкови за пристапност

Детската парализа се` уште присутна во Авганистан, Пакистан и Нигерија


По повод денешениот Ден на борба против оваа болест, СЗО забележува напредок кај овие три држави, кои никогаш досега немале толку низок процент на заразени

Светскиот ден на борба против детската парализа денес се одбележува со ставање акцент на Авганистан, Пакистан и Нигерија, каде се` уште се прават напори за искоренување на оваа болест.

Околу половина деца со детска парализа остануваа парализирани секоја година, пред Светската здравствена организација (СЗО) да ја почне глобалната кампања за икоренување на оваа болест пред три децении.

Денес, оваа бројка е намалена за 99 проценти.

СЗО забележа помалку од 30 случаи на оваа болест годинава, повеќето од нив во држави за кои се верува дека ја искорениле оваа болест

Портпаролот на Иницијаивата за искоренување на детската парализа Оливер Росенбер, за Гласот на Америка, изјави дека болеста се појавила во Нигер, Демократската Република Конго, Сомалија, Кенија и Папуа Нова Гвинеја.

„Оваа ситуација укжаува на ризик дека болеста може да се поврати во делови каде беше искоренета. Ова не се случува првпат, но, знаеме што да преземеме за да ја спречиме емидемијата“, вели Росенбер.

Тој нагласи дека овие држави преземаат итни мерки за справување со болеста, и предупреди на ризик од продолжување на ширење на вирусот, се` додека не се искорени болеста во Авганистан, Пакистан и во Нигерија.

„Овие три држави се справуваат со болеста многу долго, но, оваа година навистина направија голем напредок. Никогаш досега немале толку низок процент на заразени, како што е случај оваа година“, изјави тој, додавајќи дека Авганистан и Пакистан пријавиле по шест случаи на детска парализа годинава, и оти вакви слуачи не се забележани во Нигерија, иако тоа не значи дека болеста таму е искоренета.

Тој, исто така, објаснува дека поради контролата на милитантите на Боко Харам во овој дел, здравствените работници се изложени на голема опасност да направат истражување дали вирусот се` уште се шири.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG