Вредноста на американските акции продолжува да флуктуира, по остриот пад на отворањето на берзите во САД и по големиот пад на пазарите во Азија и Европа. Нестабилноста продолжи со несмалено темпо еден ден откако Дау Џонс изгуби најмногу поени во еден ден, во својата 120 годишна историја.
Дау Џонс падна за 530 поени, а индексот Стандард&Пурс 500 (S&P 500) за 1,3 процент, a технолошкиот индекс Nasdaq Composite забележа пад за 1,1 процент.
Денеска опадна и вредноста на индексите на aзиските берзи, по вчерашните масовните распродажби на акциите на Волстрит, коишто се рефлектираа низ целиот свет.
Јапонскиот „Никеј 225“ забележа загуба од седум проценти од својата вредност, само во еден момент за време на тргувањето, пред да затвори на 21.610 поени, загуба од речиси пет проценти. Индексот на Хан Сенг во Хонг Конг исто така паднал само пет отсто во најлошиот ден од август, 2015-та година.
Индексите на Австралија и Јужна Кореја, исто така, претрпеа сериозни загуби.
Во Европа, на почетокот на тргувањето на Лондонскиот индекс на Фајненшл тајмс берзата (FTSE 100) се спушти за 3,5 проценти на 7.081 поени.
Азиските пазари беа зафатени од ефектот на намалувањето со загуба од 1,175 точки на Дау Џонс во понеделникот, што е најголем пад во историјата. Стандард и Пурс 500 (S&P), исто така имаше лош ден, губејќи нешто повеќе од четири проценти за да заврши на 2,648 поени.
Берзата загуби околу еден трилион долари од петокот, наваму, кога Дау падна 666 поени. Трендот уследи по извештајот за нови работни места, во кој стои дека американската економија додала нови 200.000 вработувања и плати, што претставува најбрзо темпо за една деценија. Построгиот пазар на труд и зголемувањето на платите, предизвикаа стравувањата кај инвеститорите за можна повисока инфлација и можноста САД да ги зголемат каматните стапки побрзо и повисоко, споредено со последниве години.
Аналитичари за Гласот на Америка изјавија дека очекуваат „корекција на берзата“ (пад од околу 10 отсто од неодамнешниот раст), како резултат на рекордното ниво на цените на акциите оваа година.
Facebook Forum