Линкови за пристапност

265 милиони луѓе во светот може да се соочат со недостиг на храна поради пандемијата


Денес е Меѓународен ден на борба против гладта

Околу 265 милиони луѓе во светот годинава се очекува да се соочат со неизвесност во снабдување со храна, поради пандемијата на коронавирус.

Според анализа на организација во Њујорк, која излезе пред денешниот Светски ден на борба против гладта, оваа бројка е двапати поголема во споредба со минатата година, кога бројот изнесуваше 130 лица.

Пандемијата се очекува да ја влоши и онака тешката ситуација, односно еден на секои девет лица, сега нема доволно храна да јаде, што значи дека 820 милиони луѓе се соочуваат со продолжен глад.

Оваа криза со храна, како резултат на пандемијата на КОВИД-19, се очекува да се случи поради економските потешкотии, зголемување на цените, и прекини со снабдувањето со храна.

Пандемијата ги спречува земјоделците и работниците да работат и патуваат, а во САД, исто така, преработувачите на месо беа принудени да затворат.

Истовремено, се зголемува стапката на невработеност во светот, а цените на храната во многу држави растат.

Според глобалната маркетинг компанија Ниелсен, Во САД, цената на месото скокнала за 11, 6 проценти повеќе во споредба со истиот период лани, а во некои држави во развој, како Кенија, цената на пченката се зголемила за повеќе од 60 отсто годинава.

Експертите велат дека неизвесноста со пандемијата и недостигот на храна, како резултат на тоа, би можеле да се одразат врз милиони луѓе во блиска иднина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG