Линкови за пристапност

Светски ден на слухот


СЗО води кампања да ја подигне свеста за важноста од рано регистрирање на проблемите со слухот кај децата

Според нова студија на Светската здравствена организација, може да се спречи губење на слухот кај 60 проценти од децата. Триста и шеесет милиони лица ширум светот страдаат од губење на слухот, а од нив, речиси 32 милиона се деца. Меѓу таа бројка, 31 милион живеат во земји со средни или ниски примања.

Аларкоз Циеза е координаторка со програмата на СЗО за слепи и превенција за губење на слухот. Таа вели дека околу 40 проценти губењето на слухот кај децата се должи на генетиката, а дополнителни 31 процент се поврзува со инфекции.

Знаеме дека постојат инфекции уште од детството, болести како заушки, менингитис, сипаници или мошне честите ушни инфекции или инфекции од мајката како рубеола. Затоа, потребна е имунизација или, доколку проблемот е губење на слухот, тогаш акцент треба да се стави на обезбедување добра грижа за таквите лица.

Циеза вели дека речиси една петина од случаите на губење на слухот во детството, се должи на компликациите при раѓање, предвремено породување и бебешка жолтица. Таа додава дека програмите за здравје на мајката и детето, може да спречат да се случи ова.

Циеза за Гласот на Америка изјави дека срамот поврзан со губитокот на слухот, многу често ги обесхрабрува семејствата да побараат помош за нивните деца. Таа додава дека општинските центри за рехабилитација може да поттикнат кревање на свеста и надминување на тој срам.

Координаторката на СЗО додава дека иницијативата е имплементирана во преку 100 земји со средни и ниски примања, како и тоа дека раното препознавање на овие проблеми кај децата е клучно за навремено интервенирање, како обезбедување на потребните направи за лицата со оштетен слух.

Онаму кадешто тоа не е можно, вели таа, глувите деца треба да имаа пристап до јазикот за глувонеми и така да комуницираат, и заедно со други едукативни вештини, може драматично да ги подобрат нивните животи.

XS
SM
MD
LG