Линкови за пристапност

Светските цени на храна непроменети


Економистите велат дека ова е добра вест, по големиот скок претходниот месец.

ОН велат дека светските цени на храна за месец август останале непроменети, откако во јули нагло се кренаа.

Соопштението дојде од Организацијата за храна и земјоделство на ОН со седиште во Рим. Од агенцијата велат дека со тоа се намалиле стравувањата дека сушата што летово ги зафати САД и Источна Европа ќе придонесе за натамошно зголемување на цените на храната, особено пченката, сојата и житарките. Индексот на цените на храната во јули нарасна на шест проценти.

Сепак, и покрај веста за непроменетите цени на храната, ова е високо ниво, блиску до кулминацијата во февруари, 2011-та година.
XS
SM
MD
LG