Линкови за пристапност

Чист воздух за подолг живот – одбележан Светскиот ден на животната средина


Активисти повикуваат на акција за справување со аерозагадувањето за кое велат дека убива милиони луѓе годишно

Светската здравствена организација (СЗО) смета дека загадувањето на воздухот е најголем поединечен светски здравствен ризик, од кој секоја година умираат околу седум милиони лица. Милиони други страдаат од долгорочни здравствени проблеми, како што се астма, мозочен удар, рак на белите дробови и срцеви заболувања.

Светската банка проценува дека глобалните економски трошоци од дишењето на нечист воздух чинат повеќе од пет трилиони долари годишно. Извршната секретарка на Економската комисија на ОН за Европа, Олга Алгајерова вели дека општествените и економските трошоци од загадувањето на воздухот растат.

Сепак, таа вели дека нејзината организација покажала дека може да се преземат ефективни мерки во борба против аерозагадувањето. Алгајерова посочува дека во 1979-та година, 51 држава од Европа и Северна Америка ја потпишеле т.н. Конвенција за воздух.

„На пример, испуштањето на штетни супстанци, вклучувајќи ги и честичките на сулфур од 1990-та година во Европа се намалени за 30 до 80 проценти и 30 до 40 проценти во Северна Америка ... Луѓето во Европа живеат 12 месеци подолго поради Конвенција за воздух.“

Една дополнителна година на животен век, вели таа е спречување на 600.000 предвремени смртни случаи годишно во Европа.

Алгајерова забележува дека Конвенцијата за воздух е единствената од ваков вид во светот. Благодарение на успехот, вели таа и други региони бараат совет од Економската комисија на ОН за Европа како да дејствуваат за намалување на загадувањето на воздухот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG