Линкови за пристапност

Шефот за финансии на САД вели евтиниот бензин е добар за конзументите


На светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, Џек Лу кажа дека од ниските цени не мора да се лоши за целокупната светска економија.

Ниската цена на нафтата во првите недели од 2016 година го разбранува светскиот пазар, но, шефот на американскиот Оддел за финансии, Џек Лу, вели дека евтината нафта е во корист на потрошувачите низ целиот свет.

На годишниот Светски економски форум во швајцарскиот ски-центар во Давос, Лу изјави дека со моменталната цена од 27 долари по барел на суровата нафта на светскиот пазар, потрошувачите имаат повеќе пари да го купат она што им е потребно во домаќинството, за подобрување на финансиските услови и плаќање на долгови или да заштедат.

Тој смета дека не мора да значи оти ниските цени „имаат лошо влијание за целокупната светска економија“.

Лу вели дека забавувањето на кинескиот економски раст не е изненадување. Но, тој истакна дека Пекинг треба да продолжи со „долгата и тешка транзиција“ , да ја промени кинеската економија фокусирана на извоз кон економија управувана од потрошувачите.

„Прашање кое треба да се постави сега е дали Кина ќе се држи до политиката на реформи што ќе го отвори нејзиниот пазар?“ вели Лу.

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристина Лагард, вели дека лошата комуникација од кинеските управувачи со економијата придонела за загриженоста на инвеститорите за непосредната иднина на светската економија.

Фенг Ксингаи, заменик претседател на кинеската Управа за хартии од вредност, призна дека „во однос на комуникациите треба да направиме повеќе“. Тој додаде: „Треба да сме трпеливи бидејќи нашиот систем не е структуриран на начин што овозможува лесна комуникација со пазарот“

XS
SM
MD
LG