Линкови за пристапност

Соочување на Италија и Коста Рика во Бразил


Кој ќе оди во следното коло?

А од Светското фудбалско првенство, денеска се среќаваат Италија и Коста Рика во клучниот натпревар од групата Д. Победникот ќе се квалификува во следната 16-та рунда.

Од другите натпревари Швајцарија игра против Франција во групата Е. Во истата група се среќаваат и Хондурас и Еквадор.

Од вчерашните мечеви, Колумбија во Бразилија беше понадмоќна од Брегот на слоновата коска со краен резултат од 2:1 и со тоа оди во следното коло. Грција и Јапонија освоија по еден поен во Групата Ц, откако мечот заврши 0:0.

Големо изненадување беше натпреварот во Сао Паоло од групата Д, во кој Уругвај извојува победа врз Англија со краен резултат од 2:1.
XS
SM
MD
LG