Линкови за пристапност

Шпанија сака да се искупи во натпреварот со Чиле


Уште еден пораз ќе ја остави Шпанија со мали шанси за напредок во втората фаза на елиминација.

Шампионот што ја брани титулата, Шпанија, ќе се обиде да се поврати од поразот во првата игра на Светското фудбалско првенство во Бразил, кога ќе се соочи со Чиле во клучен натпревар во среда, во групата Б.

Уште еден пораз ќе ја остави Шпанија со мали шанси за напредок во втората фаза на елиминација.

Холандија се труди да додаде на трите поени што ги заработи поразувајќи ја Шпанија во петокот, кога ќе се сретне со Австралија, најниско рангираниот тим во шампионатот.

Последниот меч во среда ги вклучува Хрватска и Камерун, два тима од групата А кои загубија во првите игри и сега им треба добар резултат за надеж на Светското првенство.

Двата врвни тима во групата А, домаќинот Бразил и Мексико, играа без постигнување гол до продолжението во вторник.

Резултатот ги остави двата тима со четири поени, но Бразил е понапред со гол разлика.

Во групата Х во вторникот, замените постигнаа голови доцна во играта да ја кренат Белгија на 2-1 со победата врз Алжир, додека Русија и Јужна Кореја заработија по еден поен со резултатот 1-1 на продолжението.
XS
SM
MD
LG