Линкови за пристапност

Бразил и Мексико се борат за водство на Светското првенство


Мечот доаѓа по вчерашната победа на САД врз Гана со 2:1

Мексико и домаќинот Бразил во вторник се соочуваат на Светското првенство, при што секој од тимовите ќе се обиде да победи за да се пласира во следната фаза на елиминација.

Двата тима се изедначени за водство во групата А откако Бразил ја порази Хрватска и Мексико го порази Камерун минатата недела.

Групата Х почнува да игра во вторник со натпреварите Белгија-Алжир и Русија-Јужна Кореја.

Овие натпревари следат по победата од 2:1 на САД врз Гана во понеделникот, во групата Г.

Клинт Демпси им ја даде предноста на САД само 34 секунди игра, со силен удар од десната статива, шести најбрз гол во историјата на Светското првенство даден од Американец.

САД го одржаа резултатот 1:0 до 82-та минута, кога Андре Ајев изедначи за Гана. Кога изгледаше дека мечот ќе биде продолжен, САД постигнаа гол во 86-тата минута за победа.
XS
SM
MD
LG