Линкови за пристапност

Германија-Португалија - меч на денот на Светското првенство во фудбал


Останатиот дел од Групата Г, САД и Гана, исто така се соочуваат во понеделник заедно со натпреварот во Групата Ф меѓу Иран и Нигерија.

Доминантниот фудбалер во светот, Кристиано Роналдо, го предводи својот португалски тим против Германија на Светското првенство во Бразил во понеделник во првиот круг натпревари меѓу два од највисоко рангираните тимови во светот.

Останатиот дел од Групата Г – САД и Гана – исто така се соочуваат во понеделник заедно со натпреварот во Групата Ф меѓу Иран и Нигерија.

Аргентинскиот Лајонел Меси, кој беше играч на годината четири пати по ред пред Роналдо, го даде својот прв гол на првенството од 2006-та во неделата, поведувајќи го својот тим во победа над Босна и Херцеговина со 2-1.

Исто така во неделата, Франција го порази Хондурас 3-0 благодарение на два гола од Карим Бензема и тоа беше прв резултат утврден со технологија на камера поставена на гол-линијата.

Највозбудливиот натпревар во неделата беше меѓу Швајцарија и Еквадор, кои беа изедначени 1-1 до продолжението. Две ипол минути подоцна, Швајцарецот Харис Сеферович шутираше во левиот агол на голот на еквадорскиот голман со што мечот беше решен.
XS
SM
MD
LG