Линкови за пристапност

Прв полн ден со натпревари на Светското првенство


Во петок играат: Шпанија-Холандија, Мексико-Камерун и Чиле-Австралија

Првиот полн ден на натпревари е во тек на Светското првенство во фудбал во Бразил во петок, каде најголемо внимание предизвикува соочувањето на Шпанија, која ја брани титулата, со Холандија, во повторен дуел од финалето на 2010-та.

Двете репрезентации играат во Групата Б.

Мексико веќе го победи Камерун во Групата А, а подоцна Чиле се соочува со Австралија во Групата Б.

Фудбалското првенство официјално започна во четврток, со богата церемонија.

Домаќинот Бразил играше во првиот меч, победувајќи ја Хрватска со 3:1.

Бразил во Групата А е со консензус омилен тим за добивање на титулата по шести пат, и за прв пат од 2002. Бразилците се рангирани трети во светот од организаторот ФИФА, зад Шпанија која е број еден и Германија на второ место.

Други тимови кои се очекува да се обидат да го добијат трофејот се Аргентина, соседот на Бразил и лут ривал, заедно со европските гиганти Шпанија, Германија, Холандија и Португалија.
XS
SM
MD
LG