Бразил го отвара Светското првенство во фудбал што претставува тест за државата како домаќин и на теренот. Бразилскиот тим го игра првиот натпревар на првенството во кој прогнозите се дека ќе победи.
Владата потрошила 11,5 милијарди долари за подготовка на едномесечниот настан, вклучувајќи градење или дотерување на стадиони во 12 градови каде ќе се одржуваат натпреварите меѓу 32-та учеснички тимови. Демонстранти планираат протести за четврток, продолжувајќи ја критиката на, како што велат, преголемото трошење на средства за настанот наместо за многу попотребни работи во Бразил.
Настанот започнува со церемонија на отварањето во Сао Паоло пред Бразил да се соочи со Хрватска. Земјата-домаќин се обидува да го добие рекордниот шести пехар на Светското првенство, и својот прв од 2002-ра.
Други тимови кои се очекува да се борат за трофејот се Аргентина, Шпанија (која ќе се обиде да го задржи) и Германија, која прво треба да го пробие својот пат низ таканаречената „Група на смртта“.