Линкови за пристапност

40.000 полицајци ќе се грижат за Светското првенство


Јужна Африка одвои две милијарди долари за обука и нова опрема за полицијата

Jужноафриканската полиција деновиве изведе симулација во која се справуваше со насилни демонстранти пред стадионот Елис Парк во Јоханесбург. Полицијците се обучуваат за разноразни закани – од политички демонстрации и толпи хулигани, до терористички напади. Владата потроши речиси две милијарди долари за обука и нова опрема. Околу 40.000 полицајци, или една четвртина од силите за безбедност во земјата ќе внимаваат на Светското првенство.

Првиот човек на полицијата Беки Селе вели дека со колегите од други земји разменува информации за евентуалните закани:

„Секоја сериозна полициска агенција ќе ги земе предвид сите информации, не само оние за терористички закани“.

На друга вежба, полицијата отстрануваше демонстранти кои го блокирале патот до стадионот. Новинарите се интересираа - дали силите на Селе се подготвени?

„Јас не се подготвувам денес. Јас нема да се подготвувам утре. Јас бев подготвен уште вчера“, категоричн одговора Селе.

Без оглед на тоа, шефот на јужноафриканската полиција вели дека вежбите ќе продолжат - се` до почетокот на Светкото првенство на 11-ти јуни.

XS
SM
MD
LG