Линкови за пристапност

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус


Индија денеска потврди повеќе од 23.000 нови случаи на коронавирус и со вкупно речиси 700.000 случаи стана трета земја во светот по број на заразени, веднаш зад САД и Бразил.

Земјата е затворена за меѓународни патувања, но владата постепено ги укинува ограничувањата на локалниот туризам обидувајќи се да ја засили економијата.

Но, во Утар Прадеш, најнаселената држава во Индија, официјалните лица продолжија со затворање на деловните активности, спомениците и другите атракции во градот Агра, вклучително и Таџ Махал, во услови на континуирано ширење на КОВИД-19. Таџ Махал и другите туристички места во Агра се затворени уште од март.

Додека владите во многу земји се обидуваат да се справатсо коронавирусот, група од 239 научници од 32 држави ја повикаа Светската здравствена организација да ги ажурира насоките во врска со можното ширење на вирусот во воздухот.

Научниците велат дека постојат докази дека вирусот може да остане во воздухот и дека помалите честички можат да ги заразат луѓето.

Во Австралија, официјалните претставници најавија затворање на границата помеѓу Викторија и Нов Јужен Велс, двете најнаселени држави во земјата, по порастот на бројот на нови инфекции. Затворањето е на неопределено време и е прв ваков потег во Австралија од пандемијата на грип пред 100 години.

Грција забрани влез за патници од Србија до 15 јули откако се зголеми бројот на случаи во оваа држава.

Во Шпанија, цела недела округот во северозападниот дел на земјата е во карантин затоа што властите стравуваат од ново појавување на КОВИД-19.

Официјални лица во Ла Марина во регионот Галиција ги ставија сите 70.000 жители во карантин, откако неколку барови во областа пријавија нови случаи.

Шпанија е едно од жариштата на Ковид-19 во Европа со повеќе од 250.000 заразени и 28.000 смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG