Линкови за пристапност

Во Нов Зеланд денеска не се пријавени нови случаи на коронавирус


Светските напори се насочени кон потрагата по вакцина за КОВИД-19

Нов Зеланд денеска не објави нови случаи на коронавирус, што е прв пат од средината на март да нема нови инфицирани.

Во светот досега се потврдени повеќе од 3,5 милиони случаи на КОВИД-19 и речиси 250.000 смртни случаи


Пред една недела државата започна да ги олабавува строгите ограничувања воведени со цел да се запре ширењето на вирусот.

„Јасно е дека ова се охрабрувачки бројки денес, но тоа е само еден момент во времето“, рече генералниот директор за здравство Ешли Блумфилд.

„Вистинскиот тест ќе биде подоцна оваа недела, кога ќе го земеме во предвид периодот на инкубација на вирусот и времето што е потребно за луѓето да покажат симптоми, што обично е од пет до шест дена по изложеноста“, додаде Блумфилд.

Иако Нов Зеланд има значителен напредок во однос на вирусот со околу 1.500 вкупно потврдени случаи и 20 смртни случаи, сепак претпазливо се пристапува кон олеснувањето на мерките. Повеќето училишта се сè уште затворени, како и повеќето продавници и ресторани.

Италија, една од најтешко погодените нации, го започна процесот на повторно отворање во понеделник, кога е овозможено работниците во фабриките и во градежниот сектор да се вратат на своите работни места. Исто така, ќе им биде дозволено на луѓето да прошетаат и да ги посетуваат роднините, а рестораните ќе можат да вршат услуги по принципот на шалтерски систем.

Државата досега потврди повеќе од 210.000 случаи на инфицирани и околу 29.000 смртни случаи. Здравствените власти објавија 174 нови смртни случаи во неделата, што е најниска дневна бројка во последните два месеци.

Од патниците што користат јавен превоз во Шпанија се бара задолжително да носат маски. Здравствените власти известија за 164 нови смртни случаи.

Шест милиони маски бесплатно се поделени на различни станици на системите за јавен превоз во Мадрид, Барселона, Мајорка, Валенсија и други градови.

Бизнисите, исто така, започнаа да се враќаат во нормала во понеделникот во делови од Малезија, бидејќи премиерот ги олесни ограничувањата, првично, предвидени да траат до 12 мај.

Во Мексико Сити, службените лица претвораат области од тркачката патека на Формула 1 во медицински објекти со околу 200 кревети, заедно со простории за консултации за луѓе кои пријавуваат симптоми на КОВИД-19.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе објави дека неговата влада ја продолжува вонредната состојба во Јапонија до крајот на месецот.

Денеска е втор последователен ден со повеќе од 10.000 нови случаи во Русија


Во меѓувреме, во Русија повторно се зголеми бројот на потврдени случаи. Денеска е втор последователен ден со повеќе од 10.000 нови случаи. Досега се регистрирани вкупно 145,000 заболени и 1.350 смртни случаи.

Главниот фокус за справување со КОВИД-19 е потрагата по вакцина. Овие вакцини сепак ќе мора да бидат тестирани во однос на безбедноста и за да се докаже дека се ефикасни пред да се произведат дози за јавноста. Здравствените власти предупредуваат дека процесот може да трае од 12 до 18 месеци.

Но, американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изрази оптимизам, велејќи дека смета дека ќе има вакцина до крајот на оваа година.

Во светот досега се потврдени повеќе од 3,5 милиони случаи на КОВИД-19 и речиси 250.000 смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG