Шпанија од денеска олеснува дел од ограничувањата поради коронавирусот, при што на работниците во производствениот и градежниот сектор ѝм е дозволено да се вратат на работа.
Со оглед на тоа што заканата од ширење на вирусот сè уште е присутна, на компаниите ѝм е наложено да обезбедат заштитна опрема за вработените и да се осигураат дека секој работник одржуваа препорачано растојание од два метра од другите работници.
Шпанија е една од најтешко погодените држави со повеќе од 165.000 потврдени случаи и 17.000 смртни случаи. Голем дел од државата е во карантин околу еден месец.
Досега се потврдени 1,85 милиони случаи на Ковид-19 низ целиот свет
Премиерот Педро Санчез предупреди дека пандемијата е закана не само за здравјето, туку и на економски и социјален план.
„Затоа е потребно комбинирање на мерките кои спречуваат зараза и овозможуваат закрепнување на нашиот здравствен систем, но истовремено и да се спречи парализа и колапс на нашата економија поради штетните ефекти што може да ги има врз вработеноста во нашата држава“, рече Санчез .
Премиерот на Јужна Кореја Чунг Суе-кун изјави дека официјалните претставници разговараат за потенцијални нови упатства за социјално дистанцирање, при што ќе биде дозволена одредена „економска и социјална активност“.
Јужна Кореја соопшти дека бројот на нови случаи дневно постојано опаѓа, при што денеска се регистрирани 25 нови случаи.
Претседателот на САД, Доналд Трамп изрази желба економската активност што поскоро да се врати во нормала. Неговата администрација ги советува луѓето да останат дома ако можат до крајот на месецот, додека гувернерите на повеќето од 50 држави отидоа чекор понатаму и наредија строги мерки со исклучок на активности како што се спортувањето и купувањето на основни продукти.
Врвниот експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, во интервју на Си-Ен-Ен во неделата рече дека смета оти некои од овие мерки би можеле да бидат укинати уште следниот месец.
Тој додаде дека клучно ќе биде брзото идентификување на сите новозаразени, нивно изолирање и утврдување со кого биле во контакт и дека сите напори за повторно враќање во нормала ќе зависат од специфичната ситуација во различни делови на државата.
Досега се потврдени 1,85 милиони случаи низ целиот свет, со 114.000 смртни случаи, според статистиката на универзитетот Џон Хопкинс. Во САД има повеќе од 550.000 случаи.
Христијаните ширум светот ги слават велигденските празници, но практикувањето на обредите е различно оваа година поради КОВИД-19.
Наместо да одат во црква, многумина преку интернет ги следеа настаните на еден од најважните денови на христијанството, бидејќи на населението во голем дел од светот му е наложено да остане дома за да се спречи ширењето на вирусот.
Facebook Forum