Линкови за пристапност

Џонсон во стабилна состојба по два дена на интензивна нега


Британски официјален претставник изјави дека премиерот Борис Џонсон е во стабилна состојба во средата, откако помина втора вечер во одделението за интензивна нега во лондонската болница каде е хоспитализиран поради коронавирус.

Помладиот министер за здравство Едвард Аргар рече дека на Џонсон му е „удобно и има добар дух“.

Премиерот е хоспитализиран од неделата, откако кај него се засилија симптомите за време на самоизолацијата откако беше позитивно тестиран на коронавирус.

Во Велика Британија, каде мерките за заштита од ширењето на вирусот се на сила околу две недели, има околу 56,000 потврдени случаи на инфицирани со коронавирус и 6.100 смртни случаи.

Во Јужна Кореја значително е намален бројот на новозаболени благодарение на повиците за социјално дистанцирање и заради затворањето на училиштата.

Германија во средата стана петта земја во светот со над 100.000 потврдени случаи на коронавирус, придружувајќи се на САД, Шпанија, Италија и Франција.


Владата во средата потврди 53 нови случаи, одржувајќи го непроменето дневното ниво на нови случаи оваа недела.

Во меѓувреме, Норвешка им се придружува на Австрија и Данска со плановите да започнат со олабавување на ограничувањата.

Владата планира да ги отвори градинките на 20 април, а другите деца треба да се вратат на училиште една недела подоцна. Норвешка има околу 5.900 потврдени случаи.

Директорот на Светската здравствена организација во Европа предупреди во средата на прераното олеснување на мерките кои имаат за цел да го запрат ширењето на вирусот.

Во Ватикан, папата Францис ги критикуваше оние што ќе се обидат да профитираат од пандемијата.

Соединетите американски држави имаат околу 400.000 потврдени случаи, повеќе од двојно од потврдените во која било друга нација.

Њујорк е најголемото жариште каде во вторникот се потврдени повеќе од 700 нови смртни случаи. Но, гувернерот Куомо рече дека се намалува бројот на новохоспитализирани, како и на болни што имаат потреба од третман со респиратор.

Германија во средата стана петта земја во светот со над 100.000 потврдени случаи на коронавирус, придружувајќи се на САД, Шпанија, Италија и Франција.

Новиот коронавирус за прв пат беше откриен во Кина, при што најмногу инфицирани беа регистрани во провинцијата Хубеи и нејзиниот главен град Вухан. Ова предизвика строга блокада околу три месеци со цел да се спречи локалното пренесување на вирусот.

Десетици илјади луѓе излегоа на патишта, железниците и аеродромите во средата, бидејќи конечно добија владина дозвола да го напуштат Вухан, доколку задолжителната апликација за смартфони покажува дека тие се здрави и немале неодамнешен контакт со некој кој има коронавирус.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG