Линкови за пристапност

СЗО бара дополнителни напори за вирусот да не преживее кога ќе се укинат ограничувањата


Дополнителните напори треба да вклучуваат проширување на ресурсите за здравствена заштита, тестирање во заедниците и идентификување на можностите за лекување и изолирање на пациентите

Италија, САД и Шпанија сега се меѓу клучните центри во борбата против глобалната пандемија на коронавирусот, покажува најновата статистика на потврдени случаи.

Кина беше најтешко погодена земја, со најголем број на заболени и смртни случаи откако вирусот се појави таму кон крајот на декември.

Италија е блиску да ја надмине Кина по вкупен број регистрирани случаи


Сепак, Италија и Шпанија веќе објавија повеќе смртни случаи, при што шпанските здравствени власти соопштија дека во текот на ноќта починале 738 луѓе, со што вкупната бројка достигна повеќе од 3.400.

Парламентот на Шпанија го одобри владиното барање за продолжување на вонредната состојба во државата и запирање на сите деловните активности, при што луѓето треба да останат дома барем до средината на април.

Италија, исто така, е блиску да ја надмине Кина по вкупен број регистрирани случаи, a со оглед на растот на бројот на случаи во последните денови, и САД ќе бидат блиску.

Денеска рано наутро, податоците на универзитетот Џон Хопкинс покажаа дека во САД има над 69.000 потврдени случаи и повеќе од 1.000 мртви.

Актуелните состојби имаат големо негативно влијание врз американската економија. Новиот економски пакет треба од два трилиони долари треба да овозможи економско олеснување.

Досега во светот од КОВИД-19 се заболени над 470.000 луѓе, а регистрирани се и 21.000 смртни случаи.

Лидерите на нациите на државите од Г-20 денеска на виртуелен состанок ќе разговараат за обединување на напорите за одговор на кризата.

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Адхан Гебрејсус, рече дека владите мора да прават повеќе од апелирањето луѓето да останат дома, велејќи дека тоа е само прв чекор за запирање на ширењето на вирусот.

Тој рече дека дополнителните напори треба да вклучуваат проширување на ресурсите за здравствена заштита, системи за спроведување на тестирање во заедниците, зајакнување на производството на тестови и на способноста за тестирање и идентификување на можностите за лекување и изолирање на пациентите.

„Овие мерки се најдобриот начин да се потисне и да се запре пренесувањето, со цел кога ќе се укинуваат ограничувањата, вирусот да не преживее“, рече Тедрос.

XS
SM
MD
LG