Линкови за пристапност

Банкарите од Македонија ќе работат и во САД


Банкарите од Македонија ќе работат во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Првиот Институт за светско банкарство, кој ќе биде отворен годинава, ќе ги поврзе македонските финансиски работници со нивни колеги во Вашингтон

Македонија ќе го добие првиот Институт за светско банкарство. Тој треба да ги поврзе финансиските работници од Академијата за банкарство и информатичка технологија во Скопје, со нивни колеги во Вашингтон.

Синиша Наумоски, извршен директор на Академијата, вели дека во текот на наредните месеци очекува да добие акредитации од Министерството за образование.

„Очекуваме да се промовира првиот институт, кој ќе овозможи интеграција на регионални гувернери, сегашни и поранешни вицегуверенери во една синтеза, која за првпат во Македонија, по теркот на американското образование, ќе продуцира кадри со дипломи за бизнис администрација“, вели Наумоски.

Паралелно, за да се зголеми соработката со банкарски експерти во САД, бил склучен и меморандум за соработка со Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон (ОМД).

„На тој начин, Македонци од дијаспората ќе можат да се вратат и да имаат потенцијална работна позиција во комерцијалното банкарство во Македонија, и обратно“, објаснува тој.

Новиот Институт, ќе биде поврзан и со Фондацијата Наполеон Хил во Вирџинија.

Дон Грин, извршен директор на Фондацијата, вели дека македонските економисти ќе добијат можност да го завршат курсот за 17-те принципи за успех.

„Нашиот модел е светот да се направи подобро место, а тоа ќе се озвозможи преку овој курс. Целта е луѓето да сфатат дека имаат потенцијал, само треба да го откријат и да веруваат дека ако ги следат чекорите на успешните луѓе во минатото и тие ќе станат успешни“, смета Грин.

Од соработката со Македонија, Грин очекува да добие признание од луѓето дека научиле како да го направат она што го замислиле.

„Резултатите се постигнуваат ден за ден. Ако и вие го правите она што други успешни луѓе веќе го направиле, шансите за успех се големи“, убеден е тој.

Во моментов, на Академијата за банкарство и информатичка технологија има околу стотина студенти, додека 500-тина завршиле еднодневни или дводневни обуки.

Академијата е членка и на Европската банкарска тренинг асоцијација, заедно со повеќе од 40 академии и банкарски здруженија од Европската унија и од земји-кандидатки за ЕУ.

XS
SM
MD
LG