Линкови за пристапност

Во Источна Европа доминантни се болести поврзани со алкохолот


Светската банка ги објави извештаите за најголемите здравствени предизвици по региони.

Светската банка ги објави извештаите заедно со Институтот за метрика на здравјето и евалуација. Томоти Еванс е директор во Банката за здравје, исхрана и население. Тој вели дека светот е премногу разнолик да има еден здравствен план што ќе одговара на сите.

Еванс ги издвои предизвиците за здравјето во суб-сахарска Африка:

“Еден од поголемите остануваат болестите што се пренесуваат со комуникација. Тоа се ХИВ и маларија, но и убијците кај децата – дијареа и пневмонија. Од сите региони во светот суб-сахарска Африка е единствениот каде има повеќе смртни случаи и години на живот загубени од болести што се пренесуваат со комуникација отколку од други типови на болести или повреди.

Драматичен напредок е направен спрема маларијата преку употреба на инсектициди и прскање во затворени простори. Сепак тие две болести, Светската банка известува, остануваат големи здравствени проблеми.

Несреќи на патиштата исто така се врвен убиец, не само во суб-сахарска Африка, туку во најголем дел од проучуваните региони.

„Гледаме драматичен наплив во морталитетот и повредите од сообраќајни несреќи. Тоа е резултат на зголемувањето на бројот на возила на патиштата и неадекватни инвестициите во инфраструктурата поврзана со безбедноста на патиштата“, вели Еванс.

Во голем дел на Северна Африка и на Блискиот исток има насилство и конфликт. Еванс вели дека тоа има директно влијание на здравјето на населението во државите, како Сирија, Либија и Египет, на пример.

Во Јужна Азија регионот е погоден од хронични болести, како дијабетис и кардиоваскуларни болести.

Неухранетоста на децата исто така останува голем проблем.

Во Источна Европа и Централна Азија болести поврзани со алкохолот се најголем проблем, заедно со болести што се пренесуваат со кумуникација, како ХИВ.

Во Латинска Америка и на Карибите има зголемување на заболени од срцева болест, и тоа со редуциран дотек на крв во срцето, но и зголемување на депресијата и болки на долниот дел на грбот.

Светската банка обезбедува две форми на помош на поддршка за регионите: заеми и информации што ќе помогнат во формулирањето на здравствените планови. Информацијата се очекува да биде употребена за евалуација на успехот на Милениумските развојни цели чие важење истекува, и во одлучувањето за тоа што ќе ги замени по 2015.
XS
SM
MD
LG