Линкови за пристапност

Мислење на Кире Наумов – експерт за економија за извештајот на Светска банка за Македонија


„Со ваков раст, државата не може да се извлече од сиромаштија“, вели тој.

„Кратко време по ММФ, и Светска банка излезе со слична констатација за актуелната економска ситуација во земјава. Светска банка само потврдува дека целиот концепт на политики кои подразбираат постојано зголемување на јавната потрошувачка преку зголемување на јавниот долг, обезбедува само мал, ползечки раст. Таквиот раст не може да ја извлече државата од сиромаштија.

Светската банка во извештајот посебно нагласува дека непродуктивните јавни расходи доведоа до намалување на учеството на индустријата и инвестициите во креирање на бруто домашниот производ (БДП). Тоа понатаму не гарантира можност за понатамошен повисок економски раст.

Она што е најстрашно е фактот што сите последователни години власта останува глува на ваквите и слични забелешки. Најавите за буџетот за 2016-та укажуваат дека Владата упорно оди во слепо повторување на грото од нотираните погрешни политики“.

XS
SM
MD
LG