Линкови за пристапност

Во Северна Македонија од двајца работоспособни работи еден


Во Северна Македонија од двајца работоспособни работи еден
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

И покрај цифрата од 17,8 отсто невработеност, во Светска банка велат дека ситуацијата е подобрена во првото тримесечје од годината

Состојбата на пазарот на трудот во Северна Македонија се подобрува, оценуваат од Светска Банка. Државниот завод за статистика во првото тримесечје на 2019 година пријави цифра на невработеност од 17,8 отсто, што е помалку во споредба со претходниот квартал кога имало невработеност од 19,4 проценти.

Ова е економистот од Светска банка, Цезар Канчо, еден од авторите на минатогодишната публикација за економијата во Северна Македонија, насловена „Постигнување посветла иднина за сите“.

„Меѓу работоспособното население во Македонија, меѓу возрасните, само еден од секои двајца возрасни моментално е вработен. Тоа е мала бројка. Тоа значи дека тие мора да издржуваат многу луѓе во државата“, вели економистот од Светска Банка, Цезар Канчо.

Овој експерт вели дека за да се креира поголема вработеност мора да се работи и на страната на понудата и на страната на побарувачката. Значи реформи се потребни и кај работниците и кај работодавците.

Истите работници кои одат во различни земји таму се многу попродуктивни одошто во своите земји. Дел од решението е да се работи со локалните фирми за тие да ги подобрат своите менаџерски капацитети. Не е важно само што има работникот да понуди, туку и како фирмата ќе го организира процесот. Значи важни се и вештините на менаџерите во земјата, не само на работниците.
Цезар Канчо, економист во Светска банка

Посочува дека странските инвеститори главно увезуваат суровини наместо да набавуваат од локални добавувачи, што би создало повеќе работни места.

Кај компаниите во државата има различен степен на продуктивност, заради што се препорачува пренасочување на ресурсите во попродуктивни активности.

Фирмите треба да ги зголемат менаџерските и организациските капацитети и да се фокусираат на усвојување нови технологии.

На оваа тема, на меѓународна конференција во Светска Банка во Вашингтон, неодамна зборуваше Благица Петрески од Фајнанс Тинк од Северна Македонија.

Таа презентираше резултати од иновативно истражување што покажува дека во државата е присутен и проблемот на т.н.подвработеност, односно кога високообразовани лица се ниско платени за својата работа.

​„Подвработеноста е состојба каде младите не ги искористуваат во целост своите потенцијали, односно младите сакаат да работат повеќе од 35 часа, но не можат. Не ги користат во целост своите вештини и образование, се чувствуваат преквалификувано и несигурно на работото место. Или имаат договори кои не се соодветни на нивните квалитети. Клучните резултати покажаа дека подвработеноста ги намалува платите на младите, односно тие земаат за 14,3 проценти пониска плата од младите кои се вработени со полно работно време“, вели Петрески.

Миграцијата е голем проблем за Западен Балкан, вели економистот Цезар Канчо.

„На пример еден млад човек во Македонија, имаме статистики, дека му се потребни во просек две и пол години по завршувањето на образованието да најде стабилна работа. Тоа е долг период, долго чекање кое ги обесхрабрува младите и тие бараат можности надвор“, посочува Канчо.

Подвработеноста ги намалува платите на младите.
Благица Петрески, Фајнанс Тинк

Тоа, пак, долгорочно гледано, ќе го оптовари системот за пензиско и здравствено осигурување, бидејќи се намалува работоспособното население.

Од друга страна, треба да се активира и образовниот систем, кој треба да работи во согласност со потребите на пазарот на трудот.

На прашањето какви се тие вештини кои македонските работници ги немаат за да најдат работа во земјата, но наоѓаат работа на Запад, експертот од Светка Банка, Канчо, вели: „Тоа се случува и во други региони на светот. Ги имате истите работници кои одат во различни земји и таму се многу попродуктивни одошто во своите земји. Дел од решението е да се работи со локалните фирми за тие да ги подобрат своите менаџерски капацитети. Не е важно само што има работникот да понуди, туку и како фирмата ќе го организира процесот. Значи важни се и вештините на менаџерите во земјата, не само на работниците.“

Главно, според него, е да се создадат повеќе можности за вработување и можности за стекнување соодветни вештини што ги бара пазарот на трудот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG